Таг: бундеслига

Магичните четири во Европа

Во топ 4 лигите во Европа зимава немаше изненадувања, ниту револуции и приматот го задржаа екипите кои предводени од Алегри, Анчелоти, Гвардиола и Мурињо неколку години владеат во домашните првенства.

Трагичната автобиографија на Блажчиковски

Фудбалерот на Дортмунд во мај ќе ја објави својата животна приказна во автобиографијата, каде зборува за моментот кога видел како татко му ја убил неговата мајка, настан кој му го сменил животот.

Најголемите промашувања во Бундеслигата

Германците имаат најдолг 6 неделен зимски распуст. Освен одмор и подготовка за вториот дел од сезоната, ќе можат да фаќаат сеир на најголемиte 10 зицери. Колегата на Новески ископа дупка, Хунтелар се посрамоти во контрата, а Филип Хофман посака голот да е повисок.

Дортмунд оригинално честита Божиќ

Жолто-црните не се решија да честитаат празници преку промотивни спотови, реклами под елки и честитки во студио со пакетчиња, туку честитаа заедно со најверните, таму кај што треба.

Газдите во Премиер лига сезонава имаат најмногу трпение

За разлика од минатата сезона клубовите во најсилните европски лиги отпуштаат помалку тренери. На островот не избркаа ниту еден, а во француското првенство само еден тренер остана без работа.

Бундеслигашка уживанција

По 17 одиграни кола, бундеслигашите отидоа на зимска пауза до крајот на јануари. На табелата води Баерн Минхен со 45 бодови, 11 повеќе од вториот Волфсбург, а Александер Мејер од Ајнтрајт Франкфурт е прв стрелец со 13 голови,  Ова е колекцијата на најдобри погодоци од сезонава.

Баерн Минхен има најмногу членски карти во светот

Актуелниот германски шампион е лидер по бројот на регистрирани членови, а зад него се Бенфика, Барселона и Шалке.

Чаланоглу е турскиот Андреа Пирло

По пензионирањето на Жунињо и Дејвид Бекам во 2013. година, Андреа Пирло остана најдобриот изведувач на слободни удари во Европа. Од подмладокот на оваа позиција е играчот на Леверкузен.

Катастрофална есен за Дортмунд

На коло пред крајот од есенската полусезона, милионерите се последни во германското првенство каде загубија 8 натпревари и собраа само 11 бодови. Јирген Клоп не сака да си оди, навивачите ја исвиркаа екипата во Франкфурт.

Дортмунд паѓа, поддршката на Клоп расте

Тренерот на Дортмунд не се смее на прес конференциите како лани, затоа што неговата екипа на девет натпревари во Бундес лигата собра само седум бода и има 14 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен, против кого играат викендов.

На Англичаните им е поевтино да одат до Германија за фудбал

БиБиСи известува дека се повеќе Англичани секој викенд патуваат за Дормунд за да гледаат фудбал. И покрај тоа што од Лондон до таму има 7 часа возење со автомобил, ним пак им се фаќа поевтино отколку да ја гледаат Премиер лигата.

Баерн Минхен вреди 26 пати повеќе од дебитантот во Бундеслигата

Осум од топ 10 најскапите фудбалери во германското првенство се од актуелниот првак кој и оваа година е главен фаворит за освојувањето на титулата.

Долгиот пат на затвореникот кој ќе дебитира во Бундес

Екипата на Пардеборн, која викендов ќе ја игра првата историска сезона во најелитното германско друштво, во својот состав го има талентираниот Турчин Сулејман Коч, поранешен осуденик кој учествувал во многу кражби.

Сите фудбалски дербија за сезона 2014-та / 2015-та

Само месец дена е паузата меѓу крајот на Светското и почетокот на топ 5 националните првенства кои ги чекаме со душа. Завесата први ја креваат Германците на средината од август, а ние ви ги издвојуваме дерби пресметките за кои треба да бидете укотвени пред Тв.

Офсајд ситуации во Бундеслигата

Од 34-те кола од сезоната 2013/2014 во германскиот фудбалски шампионат има одличен материјал за фаќање сеир. Германците направија листа со топ 10 најинтересни моменти кои се случија надвор и внатре од теренот, а тронот никој не може да му го одземе на голманот на Фрајбург.

Малиот Падерборн и новиот Клоп

Клубот кој игра на еден од најмалите стадиони во врвните германски лиги, а опремата ја чува во гаража, успеа да се пласира во Бундеслигата, а еден од најзаслужните е нивниот млад тренер со напаѓачка филозофија.

Навивачите на Борусија Дортмунд повторно на европскиот врв

Навивачите на германскиот вице-шампион, Борусија Дортмунд си ја одбранија титулата во Европа. И оваа сезона нивниот стадион беше најисполнет во конкуренција на сите европски фудбалски гиганти.

Иван Исцелител во стручен штаб

Германскиот фудбалски клуб Хамбург презеде очајни мерки во борбата за опстанок во Бундеслигата - најмија духовен исцелител. Ако ова им успее, Иван Исцелител под итно да се викне во стручен штаб на македонската фудбалска репрезентација!

Баерн Минхен ја уништува Бундеслигата

Баварците згазија сè пред себе и ги срушија сите можни рекорди во Германија, но станаа досадни и претставуваат голема закана за квалитетот на Бундеслигата во иднина.

Најдоброто од Баерн Минхен

Баерн Минхен ја одбрани титулата во германската Бундеслига во рекордно време уште во март. По 27 одиграни кола шампионите освоија 77 поени и постигнаа 79 голови. Ова се десетте најдобри.

Бундеслигата во чест на рекордерот Новески

Николче Новески го продолжи договорот со Мајнц каде ќе остане уште една сезона. Истиот ден кога тој потпиша нов договор, Бундеслигата му објави видео посветено на неговиот неславен рекорд.

18-годишен ултрас ја сопре Борусија Дортмунд

Младиот навивач кој не пропушта ниту еден натпревар и ја бодри Херта од Берлин заедно со ултрасите, доби шанса да го брани голот на својот омилен тим и направи сензација на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

Премиер лига на странци и старци

Споредено со останатите лиги од петте најсилни во Европа, фудбалските клубови од англиската Премиер лига најмалку им даваат шанси на младите фудбалери, а најмногу на странците.

Англичаните се најгледани и најплатени

Англиските клубови се најзастапени на ТВ и нивните играчи се најдобро платени во Европа, а италијанскиот фудбал е втор на двете рангирања пред шпанското и германското првенство.