Шампионите на Германија во 2011. и 2012. година во неделата загубија 2:0 од Ајнтрахт во Франкфурт и после 13 кола, заостануваат 22 бодови зад лидерот Баерн Минхен. Со головите на Александар Мајер и Харис Сеферовиќ, Франкфурт му го нанесе осмиот пораз на Дортмунд во Бундес лигата сезонава.
По двете титули во првенството и финале на ЛШ пред 2 години, Дортмунд ја игра најслабата полусезона, во која на 13 средби собра само 11 бодови. По поразот во Франкфурт, за прв пат сезонава и верните навивачи им свиреа на тренерот Клоп и неговите фудбалери.
„Ги разбирам новинарите кога пишуваат за евентуален отказ, но нема ништо такво од клубот. Ја превземам одговорноста и би заминал само во случај да има некој што ќе донесе промени во тимот. Тогаш јавете ми се и ќе си одам“, изјави Јирген Клоп веднаш по вчерашниот пораз од Ајнтрахт.
Дортмунд игра чудна сезона, затоа што во Лигата на шампионите победи на 4 од 5 натпревари и обезбеди пласман во следната фаза, а во германското првенство се наоѓа на позицијата која води во втората лига. Од друга страна, еден од главните кандидати за испаѓање на почеток на сезоната, Аугзбург во моментов е на четвртото место. Под водство на младиот тренер Ванѕирал, Аугзбург има 21 поен на местото кое води во Лига Европа.