Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.
Ѕвездата на Барселона на почетокот на јуни се појави на суд, заедно со татко му поради сериозните обвинувања за затајување данок, а денес ја слушнале пресудата и ќе мора да платат 2 милиони евра.
Имаш 22 години, дебитираш за репрезентација на Европско и тоа во четвртфинале, а три дена претходно те купува Барселона. Да, има и такви приказни во фудбалот за кои треба к`смет, но и квалитети.
Меси, Роналдо, Гризман и другите најголеми ѕвезди во шпанскиот фудбал сезонава ќе играат на нови терени кај промовираните прволигаши Легањес, Алавес и Осасуна. Од Ла Лига испаднаа Леванте, Гетафе и Рајо Ваљекано.
Во првиот меч од финалната серија на шпанската лига, Барселона и Реал Мадрид многу пати се менуваа во водство, за да во последната секунда Стратос Перпероглу на додавање на Наваро го постигне победничкиот кош. Ова е петто финале по ред меѓу овие два тима кои наизменично ја освојуваа титулата.
Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.
Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров повторно се најде во идеален тим во Лигата на шампионите, овојпат за актуелнава сезона 2015/2016.
Португалскиот тренер денес би требало да го официјализира договорот со Манчестер Јунајтед и да го замени стариот пријател Луј Ван Гал со кого порано работеа заедно.
Барселона која што во недела во Мадрид ќе игра во финалето на Копа дел Реј против Севиља, ја поздрави одлуката на судот во Мадрид да ја поништи владината одлука со која се забранува истакнување каталонски знамиња, но од Мадрид најавуваат нови мерки.
Клубовите од шпанската Примера ќе имаат мака од следната сезона да ги пополнат местата каде што ќе снимаат камерите, затоа што евентуален пренос на натпревар на кој се гледаат празни седишта ќе значи и парични казни.
Давор Шукер, Христо Стоичков, Диего Симеоне, Ромарио и Михаел Лаудруп беа стрелци во последното драматично коло во Ла Лига, која шампионот го донесе во последната минута од сезоната. Поранешен репрезентативец на Југославија место место јунак стана лузер.
Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.
Луис Суарез стана 11-от член на Барселона кој стигна до наградата „Pichichi“ која му припаѓа на најдобриот стрелец во Ла Лига. Ја освојуваа имиња како Ромарио, Роналдо и Ето, но никој како Лионел Меси и по бројот на голови и по бројот на освојувања.
И покрај тоа што Челси има сезона за заборав, тоа не значи дека навивачите не влегуваат во фан шоп. Продажбата на дресови за разлика од лани им е зголемена за нешто повеќе од една третина, а само еден процент повеќе од нив продаваат Баварците.
Легендата на шпанскиот фудбал отишол да седне во едно место во Мексико Сити за да гледа полуфинале, а таму вратарот му кажува дека е полно. Пујол ги догавара другарите и со 4 фори седнуваат на пијалак. И сè во склоп на реклама за Хајнекен во Лигата на шампионите.
Голманот на хрватската репрезентација и на Гранада, Иван Келава изјави дека соиграчите му кажале дека Реал ќе ги премира во случај да и скинат некој бод на Барса во последното коло.
Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.
Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.
„Фудбалот го сведоа на резултат, како што се обидуваат љубовта да ја сведат на оргазам“, вели аргентинскиот тренер Анхел Капа којшто во една футуристичка колумна стара 22 години го најавил терминот тики така кој потсеќа на играта на Барселона и Шпанија.
17 јуни 2001 година. Барселона треба да ја победи Валенсија за да се пласира во Лига на шампиони. Тешко оди, 89-та минута, резултат 2:2. Франк Де Бур го наоѓа на гради Ривалдо кој денеска полни 44 години.
По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".