Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.
Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.
„Фудбалот го сведоа на резултат, како што се обидуваат љубовта да ја сведат на оргазам“, вели аргентинскиот тренер Анхел Капа којшто во една футуристичка колумна стара 22 години го најавил терминот тики така кој потсеќа на играта на Барселона и Шпанија.
17 јуни 2001 година. Барселона треба да ја победи Валенсија за да се пласира во Лига на шампиони. Тешко оди, 89-та минута, резултат 2:2. Франк Де Бур го наоѓа на гради Ривалдо кој денеска полни 44 години.
По синоќешниот пораз од Валенсија кој удри печат на кризата на Барса, Луис Енрике беше прашан од новинарот Виктор Мало дали физичката спремност се одразува на лошите резултати. Енрике одговори: „Како ти беше презимето"? -Мало (на шпански значи лошо). „Така е. Следно прашање".
На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.
Борбениот и издржлив дух на Атлетико Мадрид се отсликува и преку податокот дека синоќа Јорганџиите истрчале 114,6 километри вкупно а играчите на Барселона 102,6. Меси најмалку истрчал.
Екипата на Барселона нема да има прилика да го брани трофејот во Лигата на шампионите, откако после три победи против Атлетико Мадрид, вечерва загубија 2:0. Гризман стрелец на двата гола. Во Лисабон, Баерн ремизираше 2:2 против Бенфика и обезбеди полуфинале.
Едно од најмоќните оружја во денешниот фудбал е брзата контра тогаш кога противникот најмалку очекува и кога единствен спас му е добра голманска реакција. Кои се најбрзите 10 контри во помодерната историја?
Дисциплинската комисија при шпанската фудбалска федерација му изрече казна на клубот од Барселона, поради навредливите скандирања и пароли за Шакира, сопругата на Пике.
Дали би поверувале ако некој ви каже дека Барселона цели 9 години нема победа во еден град? Каталонците викендов шести пат по ред со спуштена глава го напуштија Сан Себастијан, градот на културата во Европа за 2016-та.
Го казнуваа поради расистички испад, во Англија пропушти десетина меча поради суспензија, го гризна Кијелини на Светското во Бразил поради што ФИФА го казни да не може да игра на дури девет меча за репрезентацијата. И после сè, памет не му доаѓа.
Како мал живеел во сиромашната семејна куќа која често пропуштала кога врне, поради што најмногу се жалела мајка му. Малиот Арда сонувал дека еден ден ќе игра за Галатасарај и ќе заработи за да ја среди куќата.
Фернандо Торес во 25’ му донесе на Атлетико водство, Јорганџиите имаа игра и шанси, но за само 10 минути шпанскиот напаѓач доби два ретко глупави жолти картони поради фаул на средината на теренот и ги остави соиграчите на цедило до крајот.
Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.
Синоќа за време на Ел Класико во Барселона, домашните навивачи направија спектакуларна кореографија во чест на холандската легенда. Со натпис Gracies Johan (Фала Јохан), Камп Ноу ги пречека фудбалерите на двата тима. Денес, Ајакс играше против Цволе и на Амстердам Арената исто се откри преубава кореографија во чест на големиот Кројф.
Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.
Ла Масиа не е во опаѓање со вадење таленти, а тоа го докажува детево кое веројатно за неколку години ќе стане славно име на Камп Ноу. Така барем покажуваат снимките на кои се издвојува и кој покажува дека Барселона ќе прави смена на генерации од својата академија.
Тоа го кажа Луис Енрике во денешниот говор на комеморацијата одржана во чест на легендата на која беа од магационер до претседател на клуб. Барселона пред неговото време освои 10 трофеи за 59 години, а откако се појави тој 13 за 26 години. Па сега вие видете.
По 120 исцрпувачки минути Баерн направи целосен пресврт за 4:2 против италијанскиот шампион за четвртфинале во ЛШ. Во регуларниот дел Левандовски во 73 минута и Милер во 91-ва ја спречија сензацијата на Јувентус кој за влакно не успеа да го урне Баерн откако по 28 минути игра имаше 0:2.