Аргентинецот како да напиша футуристички есеј за предноста на поседот на топка и поголемата контрола, како и за кратките додавања. „На светот во оваа епоха му е потребна промена на ставовите на кои сме навикнати. Секое дејство во животот треба да биде максимално практичен како при производството на робата за широка потрошувачка. Ако зборуваме за фудбалот, така мислат за победата. По таа логика, луѓето се збунети и почнуваат да мислат дека фудбалот геометриски и статистички е предвидлив", огорчено пишувал во колумната Капа.
„Фундамент на секој тим треба да биде способноста да ја задржи топката и да го контролира поседот. Ова можеби не е забавно и не е естетски, но носи резултат. Со поседот ќе може да ја пробиете секоја зона, постепено ќе го навлекувате противникот кој ќе мисли само на контра-напад", констатирал аргентинскиот тренер.
„Имав среќа да бидам во Реал кој не беше лудо богат како денес па не бевме под голем притисок. Но од друга страна бевме приморани да се ослободуваме од повеќе млади играчи затоа што буџетот не дозволуваше да се даваат астрономски плати на ѕвезди како денес. Поради тоа останавме и без Раул, Мата и Негредо кои станаа извонредни играчи, но во друг тим", вели Капа.
Најмногу од сè на Капа му смета постојаната побарувачка на резултати, поради што Аргентинецот не го сака стилот на Флорентино Перез кој менува често без потрага на идентитет. Барселона, вели Капа, за разлика од Реал има некаков идентитет.
Денес ако немате резултат веднаш и овде и ако посакате да играте добро и убаво, тогаш веднаш ќе имате непријатели. Не може фудбалот да се сведе на резултати, затоа што ни љубовта не може да се сведе на оргазам. Љубовта го исполнува животот на човекот. Така и фудбалот - потребни се резултати, но тој процес не е неопходен за убаво да играте.
Пред почетокот на сериозната тренерска кариера, Капа добил две дипломи - од филозофија и психологија.
„Да го разберете фудбалот потребно е знаење и сензуалност, баш како и со доброто сликање, филмот и глумата. Мора да бидеме свесни за природата на играта, да не судиме ако нема успеси и резултати. На пример, имам голема почит за Мурињо и неговите достигнувања, но тој ништо не донел во играта. Се фокусира само на резултатот. Да сум јас на трибините како навивач би го тргнал и попрво би го ставил месарот од месарницата на аголот. За да се влезе во историјата потребно е нешто повеќе, потребно е да им пружите емоција на луѓето", констатира човекот што го измислил терминот Тики така.