Кој продава најмногу дресови годинава

И покрај тоа што Челси има сезона за заборав, тоа не значи дека навивачите не влегуваат во фан шоп. Продажбата на дресови за разлика од лани им е зголемена за нешто повеќе од една третина, а само еден процент повеќе од нив продаваат Баварците.

На листата број е во светот е Барселона со 3,6 милиони продадени дресови оваа година, пред Баерн Минхен. Одличен подем на продажба на дресови има италијанскиот шампион кој 35% продава повеќе од минатата сезона.

Манчестер Јунајтед и Милан немаат задоволувачки резултати и повторно на есен нема да бидат дел од елитното друштво во Лигата на шампиони, но нивните фанови покажуваат уште поголема приврзаност кон нивните дресови.

Ова е топ 10 листата според истражувањето на маркетинг агенцијата Еуроамерикас:

1. Барселона 3.637.000 (+32%)

2. Баерн Минхен 3.312.000 (+40%)

3. Челси 3.102.000 (+39%)

4. Манчестер Јунајтед 2.977.000 (+34%)

5. Реал Мадрид 2.866.000 (+11%)

6. ПСЖ 2.212.000 (+21%)

7. Арсенал 2.055.000 (+29%)

8. Атлетико Мадрид 1.977.000 (new entry)

9), Јувентус 1.678.000 (+35%)

10. Милан 1.287.000 (+24%)

12 мај 2016 - 15:52