Бесмислената дебата за Роналдо и Меси

И едниот и другиот со своите бесконечни голови, асистенции и трофеи одамна ги победија сите противници и станаа вечни, но сè повеќе и повеќе се чини дека еден од друг никогаш нема да побегнат.

Нема никаков сомнеж во тоа дека синоќа видовме еден од најдраматичните моменти во историјата на светскиот фудбал. Шутот на Баџо. Чудото во Истанбул. Камбекот на Кам Ноу ’99-та. Црвениот на Бекам. Фиаското на Зидан. Солзите на тажниот дедо на бразилските трибини. Ножичките на Златан. Јуришот на Меси сам против 9 души.
 
Останува само да се определи каде во овој редослед би се нашол моментот од првото полувреме меѓу Франција и Португалија, кога Роналдо го повредија, па се врати, па пак се повреди, па се врати и на крајот финалниот пад на теренот. Очајните обиди да остане во игра беа неверојатни, и да, може да го сакате, може да го мразите, но сега е официјално: Речиси никогаш не сме виделе толку амбициозен и нестрашлив фудбалер и кој знае кога пак ќе налетаме на некој како него.
 
На екваторот синоќа во првото полувреме интернетот беше поплавен од реакции по таквиот шок и ретко кој не изрази жалење (Роналдо никогаш немал толку фанови како вчера). Два пати во својата кариера беше во состојба да го направи тоа дури и оние кои го мразат да бидат на негова страна. Пред три години Португалецот ја освои втората Златна топка, ја прекина тоталната доминација на Меси и направи уште еден чекор да се ослободи од имиџот на каприциозен дечко, примадона и поп-дива.
 
На крајот од краиштата, Кристијано успеа да го смени мислењето на критичарите и во најмала рака да заработи почитување. Кој друг на негово место би постигнал повеќе додека гледа како Меси освојува три Златни Топки една по друга? Побарајте во списокот на најдобри фудбалери во историјата и таму нема да најдете ниту еден таков.
 
Чудно е, но дали ако Кристијано го освоеше Европското синоќа на тревникот ќе се сменеше нешто? „Да, ќе освоеше титула со репрезентацијата, за разлика од Меси", би одговориле оние кои се хранат со бесмисленото вечно прашање кој е подобар? Следуваа прашањата а колку голови сам даде на Европското? Колку од нив му даде на стариот пензиониран унгарски голман?


Колку меча победи Португалија без продолженија и пенали? Премногу прашања од премногу недостатоци и слабости. Колку промашениот пенал против Чиле во финалето на Копа Америка го прави Меси послаб играч а еден величествен удар на анонимниот Едер го прави Кристијано најголем фудбалер во историјата? Во моментот после повредата Кристијано се однесуваше како природен спортист и прав лидер.
 
Му помогна ли на Роналдо оваа победа да го победи единствениот противник? Можеби не му помогна да го достигне нивото на Меси како играч, како талент како собир на вештини и оценки од Фудбал Менаџер? Не.
 

Но како лидер? Како капитен? Како луд манијак за победа по секоја цена кој го стана Жоао Мутињо од клупата и го охрабри да шутира пенал против Полска против негова волја? Дури и ако сте болни од љубов кон Барселона цел живот, сега сигурно знаете дека во таа смисла Лео не е ни близу до Кристијано. Можеш ли да бидеш најдобар во историјата без харизма, без таков карактер на победник кој го има Роналдо? Можеш ли да бидеш најдобар во историјата кога во еден момент ти удираат по нос рекорди на противникот со неверојатно фудбалско IQ?

Роналдо можеби не е доволно совршен да биде прв, но е страшно добар да биде втор.

И едниот и другиот со своите бесконечни голови, асистенции и трофеи одамна ги победија сите противниците и станаа вечни - но се повеќе и повеќе се чини дека еден од друг нема никогаш да побегнат.