Навивачите на Јувентус веројатно не можеа да замислат полошо сценарио. Заврши неверојатната серија од 49 натпревари без пораз на актуелниот шампион и тоа со пораз на домашен терен во дербито на Италија од најголемиот ривал Интер.
Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.
Екипата на Јувентус ја продолжи неверојатната серија од 44 натпревари без пораз, но по петтото коло тие веќе немаат максимален учинок во новата сезона откако одиграа без голови на гостувањето во Фиренца.
Јувентус останува без тренер. Антонио Конте заработи суспензија од 10 месеци заради вмешаност во местење на натпревари. Бонучи и Пепе се ослободени од обвиненијата.
400.000 навивачи на Јувентус излегоа на улиците на Торино за да ги поздрават своите фудбалери кои оваа сезона поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал, освојувајќи ја титулата без пораз по 38 одиграни кола.
Јувентус ја освои титулата во Серија А за прв пат по 2006-та година, но последна кој му се брои е онаа од 2003-та. Колку титули има Јувентус? 28 или 30? Овие бројки беа интересни и за медиумите во Италија.
Јувентус ја освои 28-та титула (вкуно 30-та со двете одземени во Калчополи) по импресивна сезона без пораз и постави нови стандарди во италијанскиот фудбал.
Интер го победи Милан на „Дерби дела Мадонина" на извонреден натпревар со шест голови и му помогна на „омразениот" Јувентус да ја освои 28-та титула во претпоследното коло од италијанската Серија А.
На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.
Алесандро Дел Пјеро има постигнато многу голови, но во сезоната која можеби му е последна како фудбалер на Јувентус и како фудбалер воопшто, „Пинтуричио" го постигна еден од најважните голови во неговата кариера и тоа токму на неговиот 700. настап во црно-белиот дрес.
Милан славеше на гостувањето кај Парма со 0:2, а оваа победа како да ги разлути фудбалерите на Јувентус кои со 0:5 ја декласираа Фиорентина и не му дозволија на актуелниот шампион да ја зголеми предноста на табелата.