Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.
2020-та во суштина е чкарт година по многу основи, но не и за еден Бразилец на кој му се случи врвот на навивачките задоволства. За некој можеби ова го има само во бајките, но тој го доживеа вистински.
Некој можеби подзаборавил кога Паоло Ди Канио во 96-та направи трансфер од Милан во Селтик. Речиси да нема клуб за кој нема постигнато посебен гол по кој паѓа во транс и тој и коментаторот и навивачите. Со интелигенција до понижување на голманот.
Емотивниот говор на коментаторот на МТВ за успехот кој изгледаше недостижен за македонската фудбалска репрезентација од сега нема да остане овековечен само со тон и слика. ФФМ му најде почесно место и реши да го испише во својот објект. Каква изненадување и чест за Тони.
Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Пишувавме за симпатичното куче кое на 3-4 минути прекина меч од првата лига Апертура во Боливија. Сега тоа куче скитник си пронајде дом и нов пријател.
Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.
Јака историска снимка од архивите на МРТВ, стара 50 години со Атанас Костовски кој тука има 32 години. Дава осврт на Мундијалот од Мексико кога Пеле стигна до третиот златен пехар, а прв стрелец е Герд Милер со 10 гола.
Кога се зборува за фудбалери кои запливале во политика, први на ум паѓаат Каха Каладзе кој е градоначелник на Тбилиси а беше и пратеник, како и Џорџ Веа, претседател на Либија од 2018-та.
На мечот меѓу Стронгест и Насионал де Потоси (3:0) во фудбалското првенство на Боливија, 3-минутно шоу имаше едно куче кое се заигра со копачка пред да го извади од терен еден фудбалер на домаќините.
Навивачката група „Гробари“ од Белград, приврзаници на Партизан, синоќа прославија голем јубилеј, 50 години од основањето. На својот стадион направија спектакл за паметење.
Астон Вила со 3-0 го уништи Кристал Палас и освои 3 златни бода во борбата за мирно продолжение на сезоната. Други даваа голови и промашуваа шанси, а капитенот Грилиш асистираше и беше главен играч на теренот.
Поголемиот дел од овие парови ние не знаеме во билтен да ги најдеме, а царов ги врзал 16 такви и со 30 денари ги одрал предпразнично. Како беше тоа, за добра свиња нема лоша помија.
Во германскиот фудбал има многу примери за тотална лојаност на навивачите кон својот клуб. Стадионот на Динамо Дрезден на пример прима нешто помалку од 30.000 гледачи, а во ситуација кога е затворен поради пандемија, продале 70.000 карти.
Наместо строги, ригидни судии со кои не можат да разменат ни добар ни лош збор, Матеу Лаоз важи за арбитар со кого играчите може да продискутираат за временска прогноза, за отворени кафулиња или за автоделови.
Баерн Минхен направи полн погодок кога реши наместо Нико Ковач да му даде шанса на неговиот помошник Ханси Флик кој направи чуда и освои тројна круна (ја згазија Барселона 8:2 во финале на ЛШ). Дали и Борусија Дортмунд сака да тргне по тој пат?
Еспањол сигурно чекори кон експресно враќање во Примера. Во втората лига по 19 кола имаат 13 победи, 3 нерешени и 3 порази со гол разлика 30:9. Синоќа победија 2-1 против Алмерија а првиот гол од двата кои ги даде Раул Де Томас сигурно ќе конкурира за гол на сезоната.
Во турскиот Куп, Ризеспор лесно со 3-0 го елиминираше Ескишехирспор. После мечот еден домашен играч му приоѓа на гостинскиот фудбалер Бугра Чаглијан за да ги разменат дресовите како што е редот. Ама овој одбива со гестикулација дека се нема пара за друг дрес. Ова не е прва ваква ситуација, се случувало и многу поголеми клубови да не им дозволуваат на играчите да ги даваат дресовите.
Буалем Кухи има 30 години, роден е во Алжир но игра за репрезентацијата на Катар. Настапува за клубот Ал Саад, а во кариерата сменил неколку позиции. Од крило во среден ред сега е стопер. Пазете го голот што го дал денес.
Динамо Загреб како главна локомотива на хрватскиот фудбал, од сезона во сезона дава многу добри играчи за репрезентацијата. Сега во Европа се зборува за нивниот учинок во Лига Европа каде не примија гол цели 526 минути и како први во група одат понатаму.
Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.
Капитенот на македонската репрезентација бил исплашен дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата ујдурма му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.
Во 14' минута од мечот ПСЖ - Истанбул Башакшехир главниот арбитар на мечот, познатиот романски судија Овидиу Хацеган реагираше на еден конфликт надвор од теренот.
Во среда на 9. декември во 14:30 ќе се одржи една од неколкуте аукции со вредни предмети од Марадона и Пеле. Интересот е огромен, неговиот дрес од мечот со „Божја рака“ проценет на 2 милиони долари но сопственикот не би го продавал.