Прилично неочекувано управата на Дортмунд минатата недела реши да му врачи отказ на Лусиен Фавре со објаснување дека под негово водство тимот прекинал да се развива.
„Тешко ни е да го направиме овој чекор, иако моравме да реагираме решително за да ги подобриме нашите резултати. Во соработката со Лусиен дојдовме до финална точка“, рекол спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.
ДАЛИ РАБОТАТА НА ФАВРЕ БЕШЕ ДО ТОЛКУ СЛАБА?
Статистички не. По бројот на освоени бодови во просек по натпревар Фавре е еден од најдобрите тренери на Борусија во ХХI век. Швајцарецот е втор на листата тренери со најмногу освоени бодови со Дортмунд после Томас Тухел и е пред Јирген Клоп.
Фавре беше тренер на Борусија од 1 јули 2018 до 13 декември 2020 или вкупно 896 дена. На 110 меча во сите натпреварувања освои во просек по 2 бода по натпревар.
Но притоа мора да се признае дека за 2 години со Фавре, Дортмунд не освои ништо освен Супер Куп на Германија против Баерн Минхен. Два пати заврши втор во лигата, а во сезоната 2018/2019 беше многу близу до титулата. Во пролетта 2019 Баерн на 4 кола пред крајот заостануваше 7 бода зад Борусија и на крај ја освои „салатарата“ после силен финиш.
По заминувањето на Клоп во 2015-та, Борусија Дортмунд како да стана плашлива и срамежлива екипа во трката за титулата. Тимот при водство на Фавр играше пасивен пресинг и немаше толку голем посед на топка. Бавно ги организираа нападите и не беше тоа препознатлив Дортмунд во последно време.
Но на Швајцарецот мора да му се признае дека храбро во игра ставаше млади играчи од 16 до 20 години кои станаа носители на играта (Санчо, Рејна, Холанд, Белингем, па скоро и чудото Мукоко).
Во Борусија одамна немало толкав број квалитетни играчи помлади од 20 години кои веќе прават разлика на терен.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДОРТМУНД ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ ИЗЈАВИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ПРОЦЕНИ РАБОТАТА НА ТРЕНЕРОТ САМО ПО ОСВОЕНИ ТРОФЕИ
Борусија од таа изјава на претседателот Вацке, дома изгуби од Келн и Штутгарт со страшна гол разлика 2:7 и заостанува 6 бода зад првото место.
На Фавре му се замерувало и тоа што екипата многу греши во организација на играта и наместо брз премин во напад, најчесто ја губеле топката на своја половина.
Борусија во последните 2 сезони е лидер во Бундеслига по кратки додавања. Но во Бундес скоро сите играат агресивен пресинг така што кратките пасови се и неоправдан ризик.
КОЈ Е МЛАДИОТ ТРЕНЕР КОЈ ЈА ПРЕЗЕДЕ ЕКИПАТА?
Наместо Фавре, тренер на Дортмунд стана неговиот помошник. 38-годишниот Един Терзиќ играл фудбал на полу-професионално ниво (воглавно да заработи за да плати школување на универзитетот во Бохум - специјалност спортска наука).
Терзиќ е роден на 30 октомври 1982 година во Менден, Западна Германија на 30 км од Дортмунд, во работничко семејство кое имигрирало од поранешна Југославија. Татко му е Хрват, а мајка му Босанка, па Един покрај германско, поседува и хрватско државјанство.
Како млад играл фудбал во четврта лига и не е познат во германската јавност. Настапувал за анонимните Изерлон 46/49, Вестфалија Херне, Ватеншејд и Клопенбург.
Никогаш не бил прв тренер, но има долга историја со Дортмунд и одлично го познава клубот од внатре.
🎙 Edin Terzic:
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) December 14, 2020
"As a coach, you have to play certain roles, and that includes emotionality. I spoke to the team yesterday, and it's important to me that the team expresses things that need to be worked on so we can improve." pic.twitter.com/cJApIRzXIN
„Потекнувам од тој регион и од дете навивам за Борусија“, рекол Един Терзиќ во интервју за сајтот на Бундеслига.
Во 2010-та година шефот на скаут службата на Борусија, Свен Мислинтат му понудил на Терзиќ кој во тој момент учел за тренерска лиценца, да работи во Дортмунд. Од 2010 до 2013 Един му бил помошник на Ханес Волф во младинскиот тим и паралелно скаутирал играчи за Јирген Клоп.
Работел и како помошник тренер во екипите на Дортмунд У-19 и У-17.
На едни подготовки во Хрватска, Терзиќ се сретнал со познат агент кој го запознал со работата на неговиот брат - тогашниот селектор на Хрватска и довчерашен тренер на ВБА во Премиер, Славен Билиќ.
Пред Европското 2012-та Терзиќ сработел аналитика за репрезентацијата на Ирска за Хрватите. Тогашниот селектор Славен Билиќ бил импресиониран од работата па го викнал Терзиќ и за следниот меч. Така и продолжила нивната соработка.
Од тој момент во следните 4 години Терзиќ 4 години му бил помошник на Билиќ во Бешикташ и Вест Хем и стекнал големо искуство. Во 2018-та се вратил во Борусија како асистент на Лусиен Фавре.
38-годишниот Терзиќ веднаш објаснил во каков стил ќе игра Борусија.
„Има две можности да победиш: или да примиш помалку голови или да постигнеш повеќе. Мене ми е поблиска втората варијанта“.
Терзиќ како главен тренер додека Фавр бил суспендиран ја водеше Борусија против Вердер Бремен (победа) и против Унион Берлин (пораз). Михаел Цорк, алфа и омега во управата на Дортмунд за Един Терзиќ вели дека е добар стручњак со високо ниво на емотивност додека ги води натпреварите.
Фавре имаше проблеми со тоа, тој ретко стануваше од клупата во тек на дуелите, ретко протестираше, подвикнуваше, а на прес-конференција обично ги фалел противниците. Терзиќ често обрнува внимание на квалитетите на својот тим и со комплименти пробува да ги крене играчите (го фалеше Емре Џан иако овој влезе 10 минути пред крајот од клупата).
Сега најголема задача на Един ќе му биде како да го замени Ерлинг Холанд, Норвежанецот кој е најдобар млад играч во Европа и кој поради повреда ќе паузира до јануари.
ВО АНГЛИЈА УЧЕЛ СО ВИДИЌ
Покрај работата помошник на Славен Билиќ во Вест Хем, Терзиќ паралелно посетувал и 18-месечен курс за тренерска лиценца од УЕФА во категорија Pro. Со него заедно на курс оделе и Ники Бат, Дејвид Џејмс и Немања Видиќ.
ПОМОШНИК ЌЕ МУ БИДЕ ТРЕНЕР ОД ГАНА
Еден од помошниците на Един Терзиќ на клупата на Дортмунд ќе биде Ото Адо, 45-годишен Ганец кој играл за репрезентацијата на Гана во 2006 и играл во Бундеслига.
Во Дортмунд е од летото минатата година.
„Го викнавме него зошто ни требаше некој кој непосредно ќе разговара со младите таленти. Тој е одговорен за нашите топ таленти и должен е да воспостави тесен контакт меѓу младинците, У23 и прв тим“, вели Себастијан Кел.
Ото Адо оваа улога ја имал и во Менхенгладбах. Тој многу разговара со јуниорите, ги посетува дома или во интернат.
„Тие разговори овозможуваат да дознаеме како им оди, имаат ли некои проблеми кои ги мачат“, вели Адо.
Тој е заслужен за блесокот на Џовани Рејна, Тобиас Рашлја, Намди Колинза и Јусуфа Мукоко. Два пати неделно работел со нив на нивните слаби страни и им покажувал видео материјали од нивните настапи.
На таа позиција во моментов го има чудото од дете, 16-годишниот Мукоко кој Унион Берлин постигна гол и стана најмлад стрелец во историјата на Бундеслига. Но Мукоко нема искуство што се виде против Вердер кога промаши 3 зрели шанси за гол.
Терзиќ ќе мора да ја крене и формата на Џејдон Санчо. Англискиот репрезентативец минатата година имаше 17 гола и 17 асистенции но оваа сезона игра под секое ниво и нема ниеден гол. Санчо тврди дека оваа криза во формата не е поради тоа што му избега трансфер во Манчестер Јунајтед.
Новиот тренер на Борусија ќе мора да ја скоцка и одбраната - во првите 6 кола Борусија прими само 2 гола, а после во следните 7 кола прими 16! И тоа 4 од тие примени голови по изгубени воздушни дуели според кој Дортмунд е една од најслабите екипи во првенствто.
АКО ТЕРЗИЌ Е РЕШЕНИЕ, ЗОШТО ТОГАШ БОРУСИЈА ФЛЕРТУВА СО МАРКО РОЗЕ ОД МЕНХЕНГЛАДБАХ?
Договорот со Един Терзиќ важи до летото следната година. Борусија не ја исклучува можноста да му го продолжи договорот во случај на сјајни резултати.
Ситуацијата е слична како со Баерн кој пред една година минуваше низ криза. Ханси Флик тогаш беше помошен тренер кој го наследи отпуштениот Нико Ковач по дебаклот 5:1 од Ајнтрахт во Франкфурт.
Но претседателот на советот на директори на Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке смета дека баварскиот модел не е за Борусија.
„Ние го викнавме Един да работи кај нас во 2018-та и уште тогаш сфативме дека ако нешто не тргне по добро, тој може да стане главен тренер. Ние секогаш верувавме во неговите способности“.
Како што пишува Ruhr Nachrichten, уште пред да го отпуштат Фавре, луѓето од Борусија контактирале со Марко Розе. За да го доведат во Дортмунд ќе треба да платат откупна клаузула од 5 милиони евра и на лето фантастичниот тренер да ја преземе екипата.
Розе е еден од најбараните тренери во Европа во моментов. Тој прави чуда со напаѓачка игра во Борусија Менхенгладбах. Еден од неговите главни принципи на работа е да ја слуша екипата. После секој тренинг Розе задолжително разговара со секој играч за подобро да сфати како се расположени.
„Секој играч има своја сопствена идеја и нам сега ни треба идеја која ќе одговара на нашите главни принципи. Нема смисла да се позиционираме како клуб кој развива млади таленти а притоа да викнеш тренер кој сака искусни играчи“, рекол Себастијан Кел, поранешен германски репрезентативец кој сега работи во Дортмунд.
Розе фантастично работеше и со Салцбург (негови играчи се Дабур, Минамино и Самасеку), а во Гладбах се докажа како тренер при кој блеснаа Хофман, Закарија, Нојхаус, Плеа и Турам.
Интересно, сите играчи кои Розе ги барал станаа носители на играта сезонава: Бенсебаини, Турам, Лајнер, Емболо. Марко Розе има 44 години. Со него Борусија Менхенгладбах првпат во историјата се пласираше во нокаут фаза од Лига на шампиони и тоа во група со Реал Мадрид и Интер.
ДАЛИ РОЗЕ ИМА ПОТРЕБА ОД БОРУСИЈА КАКО БОРУСИЈА ОД НЕГО?
Дортмунд редовно игра во Лига на шампиони, што не е случај со Менхенгладбах. Дортмунд редовно се бори за титулата со Баерн Минхен и за разлика од Гладбах нема потреба да ги продава најдобрите играчи секое лето.
Во услови на криза годинава Борусија Менхенглдабах максимално го стегнала каишот и до минимум го скратила трансфер буџетот, така што следното лето спортскиот директор Макс Еберле нема да го одврузва кесето.
Кризата ги погоди сите, но Дортмунд и Баерн минатото лето потрошија 110 милиони евра на нови играчи (Гладбах само 4 милиони и тоа воглавно на позајмици).
Розе во Борусија Дортмунд би имал млада, талентирана екипа со огромен потенцијал и нема да мора да ги продава лидерите.
Управата на Гладбах го смета и за следната сезона. „Марко има договор до 2022 година. Нашиот тим е успешен и 99% сум сигурен дека тој ќе остане“, рекол спортскиот директор Еберл во интервју за Кикер.