Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Школски дворови во Скопје издадени за кафани, со алкохол, со сè

21 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Дворовите на училиштата во Скопје се претворени во кафеани. Со дозвола на Општините, директорите на училиштата ги издаваат дворовите на приватни фирми под закуп, со образложение дека ќе се градат спортски терени кои за време на наставата ќе можат да ги користат и учениците.
  • После завршување на наставата, спортските терени ги користат спортски клубови или граѓани кои спортуваат до доцна во ноќта. Но, наместо само за спортски активности, во дворовите никнуваат кафулиња, во кои, иако се наоѓаат во воспитно-образовни институции на малолетници се точи алкохол, се прават родендени, забави, па дури и свадби.

  • Според анкетата на СДК, на територијата на Општина Центар како училишни дворови изнајмени за спортски активности се наведуваат основните училишта „Димитар Миладинов“ и „11 Октомври“, во Аеродром училиштето „Блаже Конески“, во Кисела Вода издадени се дворовите на училиштата „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева-Дуња“ а во Карпош издаден е училишниот двор на „Петар Поп Арсов“ за приватна градинка. 

извор

Русјаков: Можеби не сме спремни за војна, ама ќе ја пречекаме дотерани

26 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Кога сме кај Нордистан, видов наслов – ќе се градат четири трговски центри низ државата.
  • Светот упорно инсистира на војна, ама вистинска, со војски, фронтови и нуклеарна ерекција. Некои велат дека третата светска војна веќе почнала, сега засега на одредени точки на планетата, со тенденција да се прошири и да стане глобална заебанција. Британија им порача на своите граѓани да складираат храна, затоа што војната наближува. Естонија со својата моќна неколкуилјадна армија ѝ се закани на Русија дека ќе ја столчи за 48 часа.
  • И Балканот се вооружува, патем токму сега некому му текна да крева меѓуетничка тензија, а секому му е јасно дека во такви случаи кај балканските народи многу брзо расте воената ерекција за сметка на брзиот пад на природната интелигенција.
  • А Македонија – опкружена со аздисани соседи спремни веднаш да ни ја распарчат приказната, затоа што секогаш нè гледале како дел од својата територија? Јасно е дека ќе станеме дел од моќната нордистанско-естонска ударна бригада и сите херојски ќе загинеме пред да стигнеме на фронт, од настинки поради студот – мултивитамините сигурно ќе ни бидат со истечен рок – па ќе ги оставиме Естонците сами да ја прегазат Русија.
извор

Ако може Полска да запре мигранти, мора да може и ЕУ

25 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Полска побара од Европската Унија да дозволи привремено суспендирање на барањата на азил во случаи на намерно предизвикан бран на масовна миграција, каков што неодамна претрпе Шпанија на својата територија Сеута.
  • Варшава го наведува сопствениот пример. Лани во март престана да регистрира барања за азил од мигранти од Белорусија, оценувајќи дека властите во Минск и Москва намерно испратиле десетици илјади мигранти кон границата за да ја дестабилизираат Полска. Мерката имаше привремен карактер, но сè уште е на сила.
  • „Кризата во Сеута, кога повеќе од 70.000 луѓе ненадејно преминаа од Мароко во шпанската енклава, ѝ стави до знаење на ЕУ дека и други земји можат да бидат погодени од слични гранични кризи како Полска“, изјави Мачеј Душчик, заменик-министер за внатрешни работи задолжен за миграции.
  • Тој објасни дека суспензијата на правото на азил е целосно во согласност со меѓународното право. Лицата од најранливите категории – бремени жени, деца или оние што се соочуваат со прогон во Белорусија – сè уште можат да поднесат барање за азил. „Секој на границата има право да ја објасни својата ситуација“.
  • Урсула фон дер Лајен најави дека Европската комисија наскоро ќе предложи нова „рамка за итен одговор“, која би овозможила флексибилност во примената на стандардните миграциски процедури во специфични околности и за ограничен временски период.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во „Медена земја“, Медена 57-ца

Македонштина
2

Ѓаволски добар договор

3

Чудна жена беше Мери Кеј

Разно
4

Ужасите на „Мој термин“

Балканштина
5

Леле бе, како ќе се разбереме со овие луѓе

Балканштина
6

Ќе живее овој народ

Македонштина
7

Што осет за таленти ќе имаа во скаутинг службата на Лајпциг?

Фудбал
8

Кај ли ги наоѓаат овие?

Македонштина
1

Ѓаволски добар договор

2

Ако може Полска да запре мигранти, мора да може и ЕУ

3

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
4

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Технологија
5

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Свет
6

Русјаков: Можеби не сме спремни за војна, ама ќе ја пречекаме дотерани

7

Сите патишта воделе до - Цариград

Занимливости
8

Иран нуди нов план за примирје и деблокада на Ормуз за 7 дена

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Балканштина

Српски коментаторски таленти 5

Македонштина

Во „Медена земја“, Медена 57-ца

Балканштина

Ужасите на „Мој термин“

Балканштина

Леле бе, како ќе се разбереме со овие луѓе

Македонштина

Ќе живее овој народ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јас сум поминал убаво, а?

А сега, забари, слушајте ваму

Ехеееј кога беше ова!

Зошто ние не сме РТС

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy