Царски и невиден фер-плеј: голман побара од судијата да поништи црвен картон

Шведска и Шпанија го одиграа најјакиот натпревар од почеток на Светското ракометно првенство. На крајот 29:29 и бод со кој повеќе ќе бидат задоволни Шпанците кои се вратија од -7 гола негатива. Двете репрезентации имаат по 5 бода но Шведска е прва на табела поради подобра гол разлика. Овој дуел го одбележа и најдобриот фер-плеј момент на сезоната.

На овој натпревар шпанскиот голман Перез де Варгас испадна голем господин откако при еден пенал на Швеѓанецот Хампус Ване судиите помислија дека топката го удрила директно голманот и му дадоа црвен картон според правилата.

Но Де Варгас побара од судиите да му го поништат црвениот картон затоа што топката рекол дека прво го удрила врака па во глава. Судиите го прифатија барањето и го оставија Ване во игра. 

Варгас и Хампус Ване се соиграчи од Барселона и добри пријатели:

 

Standings provided by Sofascore
21 јануари 2025 - 08:18