После се чудат како Динамо не примал гол

Динамо Загреб како главна локомотива на хрватскиот фудбал, од сезона во сезона дава многу добри играчи за репрезентацијата. Сега во Европа се зборува за нивниот учинок во Лига Европа каде не примија гол цели 526 минути и како први во група одат понатаму.

„Модрите“ за малку не се запишаа во книгата на рекорди во историјата на европскиот фудбал - како прв клуб кој успеал да заврши група без примен гол.

Досега ниту еден клуб во историјата на ЛШ и ЛЕ не успеал да заврши без да ја вади топката од својата мрежа. Динамо Загреб во првите 5 кола ја сочува својата мрежа, но синоќа против ЦСКА Москва примија гол во триумфот од 3-1.

После 526 минути без примен погодок, хрватскиот репрезентративец Кристијан Бистровиќ од ЦСКА им ја затресе мрежата.

Во Лига Европа најблизу до рекорд беа РБ Салцбург и Стандард Лиеж кои групна фаза завршуваа со по 1 примен гол. Австрискиот клуб во 2017/2018 го заврши натпреварувањето во група со 3 победи и 3 нерешени и гол разлиа 7:1. Таа сезона Салцбург стигна дури до полуфинале во Лига Европа каде испадна од Марсеј.

Стандард Лиеж во 2011/2012 го освоија првото место во групата со 4 победи и 2 нерешени и гол разлика 9:1. Во осминафинале испаднаа од германски Хановер.

Динамо беше во група со Феенорд, ЦСКА Москва и Волфсбергер. На 5 меча не примија ниту еден гол, ни дома ни на гости, а само синоќа откако водеа 3-0 против рускиот гигант, во 76'  минута Хрватот од ЦСКА Кристијан Бистровиќ им даде гол за конечни 3-1.

На 4 меча бранеше Доминик Ливаковиќ, а на дуелот против Волфсбергер дома бранел резервниот голман Данијел Загорац.

Чудесниот Доминик Ливаковиќ кој веќе има 16 настапи за „коцкестите“ брани лудо. Најскап играч е во екипата (вреди 12,5 милиони евра), но има причина за тоа. Дечкото е неверојатен сезонава:

 

11 декември 2020 - 10:05