Како што пишувавме тука, Њујорк Тајмс во моментов живее едни од најславните моменти од својата историја, но кубури со пари. Во склад со планот за отпуштање вработени со отпремнина, по своја волја заминуваат и дел од истакнатите новинарски пера. Меѓу нив и Мичико Какутани, главната книжевна критичарка на весникот и добитничка на Пулицер.
Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст.
Во нова книга на когнитивниот невронаучник Кристијан Џарет, чии статии се појавуваат во Гардијан и Њу Сајнтист, се анализира едно многу старо, и многу базично прашање: дали луѓетo се во основа лоши или добри? Одговорот e можеби очекуван. Па сепак не ни се допаѓа, затоа што се однесува и на нас.
Законот на Хјум, познат и како „Хјумова гилотина“, вели дека од чисти факти не можат да произлезат морални ставови. Тенденцијата на современото новинарство, под притисок на социјалните медиуми, да ги меша „Е“ со „ТРЕБА ДА Е“, создава хаос, и во известувањето, и во градењето ставови за фактите.
Во последно време ни се случува еден парадокс: додека слушаме дека веќе е роден првиот човек кој ќе живее вечно, и дека човечкиот век генерално се продолжува, околу нас се разболуваат и на млади години умираат куп познати и пријатели. Добро, кај е тој трансхуманизам што го зборите?
Серијата во десет продолженија за семејство кое држи бар со стогодишна традиција во Њујорк најпрвин изненадува затоа што е со Луи Ц.К. а не е комедија. Ако го надминете ова првично изневерено очекување, може да се фатите како уште некоја минута по завршувањето на секоја епизода зјапате во затемнетиот монитор, размислувајќи за смислата на животот. А признајте, од кога не ви било така?
25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.
„Која светска метропола сте?“. „Кој тип италијанска паста?“. Ваквите тестови кои често знаат да искрснат на Фејсбук и наивно да бидат кликнати од досада, всушност не се толку наивни.
Беше помпезно најавувана, создавајќи атмосфера на претстоечки спортски натпревар, иако не е баш јасно кој спорт би бил најсоодветната метафора. За Жижек можеби некој што бара мавтање со раце (одбрана ватерполо?), за Питерсон нешто како шах или стреличарство. Ама пак се разбраа.
Се разбира, бевме разочарани што некој-си-таму филм за фабрика за автомобилски стакла во Охајо, продуциран од некои-си-таму Обамовци, ни го зема заслужениот Оскар за документарец. Но кога лутината стивна, тој сепак требаше да се погледне, не за да се види дали е подобар од „Медена земја“, туку дали е воопшто добар.
На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.
Савитири Деви, обожавателка на Хитлер и на ариевскиот мит, од нејзината смрт пред 25 години беше ретко спомнувана. Но благодарение на подемот на екстремната десница, нејзиното име и слики почнаа сè почесто да се појавуваат онлајн.
На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.
Американците си ги допираат мобилните во просек повеќе од 2600 пати дневно. Населението на САД прди околу 3 милиона пати во минута, но лајкува постови на Фејсбук околу 4 милиони пати во минута. Некако сме среќни што нема ваква статистика за Македонија.
Петер Фицек е дел од радикално десничарско движење кое го одрекува постоењето на модерната германска држава. Рахјсбургерите - неговите поданици - имаат свој пасош и свои „ангелски“ пари. Колку и да звучи откачено, сето ова со години функционира, и покрај обидот на властите за растурање на „кралството“.
За оние кои никогаш не гледале шоу од ваков тип, станува збор за класична симулација на „столб на срамот“ - позната личност седнува на сцена додека други познати (и помалку познати) ги коментираат сите нејзини недостатоци. Зошто овој формат е толку бизарно привлечен и зошто никогаш не би успеал кај нас?