Во супер дербито на вечерта Бостон Селтикс со 121-118 го совлада Голден Стејт Вориорс. Стеф Кари постигна 29 поени со 7 асистенции и 4 скока, а момент на мечот беше последната секунда од првиот дел кога погоди неверојатен шут од преку пола терен.
Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.
Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.
Голден Стејт Вориорс ја запиша и втората победа од почеток на новата сезона во НБА. Воините го совладаа Хјустон Рокетс 105:96 а Стеф Кари издоминира со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. И со еден дриблинг врз најнезгодниот дефанзивец во лигата кој важи и за многу иритантен за ривалите.
Голден Стејт Вориорс објавија видео на кое се гледа како Стеф Кари е влезен во шутерски ритам на тренинг и не промашува цели пет минути. Најупорните тврдат дека изброиле 103 погодени шута.
Во уште една голема битка, Никола Јокиќ излезе како победник. Шампионот Денвер Нагетс со 108:105 го победи повеќекратниот првак Голден Стејт и сега има фантастичен учинок од 8 победи и 1 пораз.
Лидерот на поранешниот шампион Голден Стејт постигна 45 поени (8/13 за три поени, 25 поени во прва четвртина) со 10 скока, па после Лејкерс, воините го урнаа и другиот фаворит од Лос Анџелес, ЛА Клиперс 115-113. Кари по 62. пат во кариерата постигнува најмалку 8 тројки во НБА меч.
Стеф Кари го предводеше Голден Стејт во триумф против Сан Антонио со 23 поени разлика. Постигна 32 коша, а во еден момент ги збуни сите со магија под кош. Ова личеше дека ќе биде додавање, но...
Со двете погодени тројки од 11 обиди синоќа во поразот од Чикаго, Стеф Кари го надмина Коби Брајант на листата на најдобри тројкаши во историјата и сега е 11-ти. Кои се Топ-10 снајпери во постоењето на НБА?
Голден Стејт е толку јак што и тренерот на Кливленд Тајрон Лу пред некој ден изјави дека не видел нешто такво во кариерата. Незадржливи се, особено Стеф Кари.
Поради новиот концепт плеј-ин кој за многумина е глупост, а за други е генијален изум, синоќа за влез во плејоф играа ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Во директен дуел на Стеф Кари и Леброн Џејмс, поуспешен беше постариот. Лејкерси славеа 103-100 и тоа со тројка на Леброн во последните секунди од преку 10 метри.
За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.
Брон, Дејвис, Дурент, Вестбрук се стандардни на стартот на НБА сезоната. Стеф Кари растура како и обично, ама во лигата има еден играч кој после 8 меча е најголем спектакл за гледање.
Во женскиот средношколски баскет во САД се случува апсолутно непредвидлив процес. Таму една девојка им парира на сите рекорди на неверојатниот Стеф Кари и пред некое време на еден меч постигнала 19 тројки а друга е апсолутен хит на паркетот зошто игра со неверојатна леснотија и покрај центарската конституција.
Како што Дуци феноменално гради карактери а Стеф Кери маестрално гаѓа тројки, така оваа наша девојка феноменално и маестрално гради изговори и гаѓа акценти. Не знаеш во што е повешта, кога зборува англиски (од странци) или македонски (од странци).
Голден Стејт Вориорс продолжува да меле и благодарение на чудесниот Стеф Кари има учинок 13-2 од старт на новата сезона. Ако лани беа убедливо најслаби во лигата по многу параметри, сега „воините“ неочекувано растураат. Го совладаа синоќа Кливленд 104-89 а мечот донесе и една јака банана на 25-годишниот Сенегалец Тако Фол кој од 27 септември игра за Кавалирс.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Репрезентативците на Русија деновиве се спремаат за пријателските со Јужна Кореа и Иран а за време на тренинзите голманите бранат со темни наочари за сонце. Зошто?