Кои се најдобрите тројкаши во историјата на НБА

Со двете погодени тројки од 11 обиди синоќа во поразот од Чикаго, Стеф Кари го надмина Коби Брајант на листата на најдобри тројкаши во историјата и сега е 11-ти. Кои се Топ-10 снајпери во постоењето на НБА?

11. Стеф Кари - 1.828 погодени тројки на 554 натпревари. Успешност на шут 43,8% во кариерата.

10. Чонси Билапс - 1.830 тројки реализирани на 1.043 натпревари и 38,7% успешност.

9. Џо Џонсон - 1.903 тројки уфрлени на 1.203 средби со 37.3% успешност.

8. Џејсон Кид - 1.988 тројки на 1.391 меч со процент на успешност во кариерата 34,9%.

7. Винс Картер - 2.013 тројки на 1.327 меча со успешност од 37,3% во кариерата.

6. Џамал Крафорд - 2.014 тројки на 1.160 средби со процент на успешност во кариерата од 34,9%.

5. Кајл Корвер - 2.018 тројки на 1.019 натпревари со процент на успешност во кариерата 43,1%.

4. Пол Пирс - 2.138 тројки на 1.331 меч со процент на успешност во кариерата 36,9%.

3. Џејсон Тери - 2.217 тројки на 1.336 натпревари со процент на успешност во кариерата 38%.

2. Реџи Милер - 2.560 тројки на 1.389 натпревари со процент на погоден шут 39,5% во кариерата.

1. Реј Ален - 2.973 тројки на точно 1.300 натпревари во НБА со процент на успешност дури 40% во кариерата.