Додека повеќето европски клубови се решаваат за стандардна, веќе видена промоција на новиот дрес за новата сезона, италијанскиот второлигаш Венеција се реши за нешто друго за гостинската варијанта.
Па пауза од 746 дена и вкупно 78 натпревари судиите во Шпанија го досудија првиот пенал над Барса во Ла Лига, на гостувањето против Лас Палмас кое заврши 1:1. Но никој не знае зошто.
Одиме со мала пауза на тема репрезентации и се селиме во втората шпанска лига или поточно во канарското дерби Тенерифе - Лас Палмас каде се случи кикс на сезоната. Голманот на Тенерифе изгледаше имаше ласер во око или па за момент помисли дека игра одбојка. Трето нема.
Не му ги критикуваме квалитетите, ама без сомнение Луиз Суарез е пргав и прљав играч кој се служи со неспортски потези скроз недостојни за некој кој е дел од институција како Барселона. Следно коло играат со Лас Палмас, па со Атлетико Мадрид. Во последните 4 минути од дуелот со Џирона се гледаат апла 4 ситуации во кои сака да добие жолт за да го рипне Лас Палмас и да биде раат за дербито. Каков цреп.
Хрватот Ален Халиловиќ (23) до пред некоја година важеше за ултра талентиран фудбалер. Барселона го доведе на 16 години, ама Хрватот не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ па почна бескрајна авантура. Го позајмуваа во Спортинг Хихон, во Лас Палмас, во Хамбургер, пред да дојде во Милан. Не се снајде ни на „Сан Сиро“ па го позајмија во холандски Херенвен. Пред неколку дена го дал првиот гол сезонава, а неколку минути претходно направил р’шум во подтрибинскиот бар.
Минатото коло во руската втора фудбалска лига се сретнале Сочи и Луч Владивосток, екипи чија оддалеченост на градовите од кои доаѓаат е 10.051 километри. Кога го слушаш ова Скопје-Белград или Скопје-Софија ти доаѓа како одење во супермаркет.
Во првенство на земја каде играат технички најпоткованите фудбалери во Европа, да имаш најголем посед на топка значи дека треба да си тренерски магистар. Кике Сетиен е магистарот на Бетис.
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Ако од минатата сезона го пратите почесто Леванте поради Енис Барди, можеби сте забележиле дека на нивниот стадион една од трибините зад голот не е целосна и фали дел. Стадионот за неколку дена ќе наполни 49 години, па еве ја приказната.
Пет различни стрелци учествуваа во петардата на Каталонците против Ференцварош. Меѓу нив е се разбира Меси, потоа хитот Фати, ама сите зборуваат за Педри, нов клинец кој е само 25 дена постар од Фати и кој со такви си отиде дома.
Ама секоја сезона е ова дечки и тој што е заразен со шпанско и спортска, сигурно забележува. Велат кладилниците го вртат фудбалот и сешто може човек да помисли, па зошто да не и една диригирана шема на високо ниво за големи пари м?
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
За да одигра натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија, Реал морал да ја напушти земјата, да прелета преку Средоземно море и да се најде во Африка каде игра малото клупче Мелиља. На крајот, после повеќечасовен лет, Реал славеше со 0:4 а реваншот во Мадрид се игра на 5 декември.
Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.
Вечно третиот резервен голман имал интересен фудбалски пат кој на крајот го доведе до шпанската репрезентација и Реал Мадрид, клуб поради кој доби отказ од сојузот.
Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.
Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.
Додека машкиот тур игра за титули во Азија, лидерот на светскиот тенис Рафаел Надал се опоравува од повредата на коленото на Мајорка каде е роден и живее цел живот.