Ноќта меѓу 9 и 10 октомври на познатиот остров имало поројни дождови коишто ја поплавиле речиси цела Мајорка. Најсериозно настрадало градчето Сан Лоренцо каде за четири часа наврнало 20 сантиметри а реките се излиле од своите корита.
Водата немилосрдно ги носела автомобилите од улиците а луѓето се спасиле од поплавите во своите домови.
Поплавата се повлекла утрото на 10 октомври а зад себе оставила сериозен пустош: успеала да го сруши мостот кој го поврзува градот со островот Палма и да оштети 11 улици.
Според локалните власти, во време на поплавите жиивотот го загубиле 10 луѓе (меѓу кои и двајца британски туристи кои биле во такси кое пропднало во еден од насипите).
Во четвртокот сабајле три лица меѓу кои и 5-годишно дете се изгубени и за нив нема никакви вести. Неколку стотици жители останале без кров на глава.
Рафаел Надал веднаш дошол да им помогне на погодените. Тој прво ги сместил во својата академија на Манакор - родниот град на Рафа кој се наоѓа близу поплавениот Сан Лоренцо.
Набрзо потоа, кога водата се повлекла, Надал облекол соодветна опрема и заедно со другите волонтери излегол на улица да собира отпад расфрлен од страшната поплава. Со лопата во раце Надал поминал неколку часа.
Овие постапки на Рафа Надал привлекле големо внимание, па така на пример најпознатиот шпански кошаркар Пау Гасол објавил на Твитер за целата акција на тенисерот со голема поддршка.
👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼 @RafaelNadalhttps://t.co/nzW4x9rxTw
— Pau Gasol (@paugasol) October 10, 2018
Шпанска Marca и британски Times го ставиле Надал на своите насловни страни како пример за солидарност.
Voilà pourquoi #Nadal est unique. Et ce n’est pas juste pour la photo! Pendant plusieurs heures il est venu aider suite aux inondations qui ont ravagé son île (on parle d’une dizaine de morts) et il a ouvert son académie pour accueillir les sinistrés. Un exemple 👏 pic.twitter.com/aIhzAGbllI
— Benoit Maylin (@BenoitMaylin) October 11, 2018
Rafael Nadal on the front page of The Times this morning, helping with the clean-up after flash floods in Mallorca. pic.twitter.com/eIhWvWFRlI
— Stuart Fraser (@stu_fraser) October 11, 2018
Rafael #Nadal’s family tell me that a cousin of Rafa’s best friend has died in the #Majorca floods.
— Gavin Lee (@GavinLeeBBC) October 11, 2018
The tennis star has been helping with the clean up operation + today gathered locals together for a minute silence at his sports academy, next the worst hit area of #Santllorenç. pic.twitter.com/SDSsrnFAyX
Тенискиот свет ја поддржува Мајорка: по победените натпревари во Шангај каде го чека четвртфинале, обраќање и видео-запис до погодените од поплавите снимиле и Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.