Додека на нашиот од Радишани, судијата Мајкл Оливер и егзекуторот Кристијано Роналдо му донесоа фина пара, двајца Италијанци не можеле на себе да дојдат во таа пеколна драма на Бернабеу. Неверојатни тикети.
Навивачите на Јуве и Реал очи ќе си извадат на Фејсбук за тоа дали имаше или немаше пенал врз Роналдо. Ситуацијата е спорна, размислувањата се поделени, па дури и на неутралните навивачи и на експертите.
Големото чилеанско дерби меѓу Универзидад де Чиле и Сантијаго Вондерерс не го одбележаа кореографиите, пиротехниката и полниот стадион, туку дефанзивецот на гостинскиот тим. Среќа во Чиле не убиваат за автогол како во Колумбија, па Агустин Пара ќе може мирно да спие по овој евро автогол.
Помина една недела од најозборуваниот пенал во Лигата на шампионите, ама јавноста во Италија не мирува. Тие што не го сакаат Јуве, Мајкл Оливер ги спои на едно место. Едни му извадија душа за контроверзната одлука, а овие другиве го слават на големо со денови.
Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.
На легендата на Јуве душа му извадија за острата изјава упатена до Мајкл Оливер по мечот со Реал Мадрид во четвртфиналето од ЛШ. Италијанците се цареви за хумор, па се најде една будалетинка која направи пародија од критиката на Џиџи.
Циркузијадата доаѓа од првата женска фудбалска лига во Романија, каде голманката доби црвен картон, се изнервира како Оливер Кан, а дресот и го даде на колешката која ќе мора да брани при извршени три измени.
Навредливите зборови на Џиџи Буфон до судијата Мајкл Оливер во ЛШ не ги оправда секој. Откако на мечот Фиорентина - Спал беше досуден пенал за гостите, домашните навивачи, познати во Италија по својата иронија му скандираа на судијата Орсато “insensibile“ (безчувствителен), алудирајќи на тоа што легендарниот голман на Јуве го кажа за англискиот арбитар.
Гостинските навивачи обично ги држат на трибина и до 1 час по завршувањето на мечот поради безбедносни причини. Тоа не е проблем за Јирген Клоп кој има сенс како треба да ги испочитува навивачите. Од секогаш бил цар овој човек.
Третото коло на Бизнис Лигата на Македонија преовладуваше со фер плеј натпревари во кои можевме да видиме доста атрактивни потези кои ја воодушевуваа публиката.
На едно коло пред крајот на есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија најмногу се истакнаа Арбен Нухиу од UNIQA со 6 голови, а за најдобра екипа е прогласена Гранит.
Седмото коло на Бизнис Лигата на Македонија донесе натпревари во кои беше ставен акцент на одбраната, имаше доста неизвесна борба во која победникот го одлучуваа нијанси.
Дејан Зиков од Лукоил е најефикасен играч со 7 гола во шестото коло од Бизнис лигата, а за најдобра екипа е прогласена Eurolink која ја доби неизвесната битка против Sistina со 6:5.
По традиција меѓу себе играат фан-клубовите и новинарите од земјите кои се сретнаа на Мундијалот. Германските новинари ги совладале шведските колеги 2:1 со победнички гол во последните секунди од мечот - буквално ист како на Крос.
Во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата најубедлива беше екипата на Гранит со 8 голови против СЦ Борис Трајковски, а победа славеше и UNIQA против ONE.
Франција е задоволна што има шампиони на легендарниот Ролан Гарос - Никола Мау и Пјер Ербер им донесоа трофеј но победата му припаѓа на синот на Мау кој истрча на теренот.
Искусниот дефанзивец на Мајнц кој го извести селекторот Бошко Ѓуровски дека поради возраста дефинитивно се повлекува од репрезентацијата, оваа сезона е третиот најстандарден играч во Бундес лигата во конкуренција на ветерани.