Од кујната на алхемичарот Апостолски доаѓа уште една халуциногена комбинација. Бора Спуќиж Квака и Dream Theater. Легендата вели дека Квака еднаш ги има сретнато Мајк Портној и Џон Петручи и кога чул како свират, зацвилел три ноти повисоко. „Дајте секира да си пукам во белите дробој!“
Музичкиот алхемичар Апостол прави уште еден халуциноген шприцер - блусевдах! Пола Силвана Арменулиќ, пола Боби Бленд па се добива убитачнатa „Teško meni jadnoj u Stormy Monday samoj“. Ако песната ве начека со прописна доза промили, можете да се почувствувате како Беким Фехмиу во Скупљачи перја. Или да викнете: „Дајте една секира да пукам!“
Поглаварот на Католичката црква има многу должности и овластувања. Сметан за наследник на Свети Петар, на кого Христос му ја доверил мисијата за управување со Црквата, папата е духовен водач на повеќе од 1,4 милијарда католици ширум светот. Неговата главна улога е да ја зачува и поучува христијанската вера, да ги толкува евангелијата и да го обезбеди единството на Црквата.
Глобалната мрежа за заштита на животните, ПЕТА реши да се појави на американскиот Супербол, најпрестижното и најскапото место за покажување реклама. Годинава блок од 30 секунди се купувал за осум милиони долари. Го ангажираат нашиот пријател Ангел Апостолски, Македонец и скопјанец кој живее и работи во Бугарија. Не дека Ангел и вака немаше импресивно CV, ама после ова со Супербол, може да накриви ентер и да ужива во овации.
Фронтменот на Рамштајн извади соло песна испеана на руски јазик. Музиката и текстот се на покојните руски автори Никита Богословски и Евгениј Долматовски. Нејасно е дали е соло парче или најава на нов албум, ама „Саканиот град“ покажува дека тоа рускиот јазик ги омекнува и најтврдокорните гласни жици.
На овој сајт учтиво ги одбиваме оние кои ни праќаат кавери на песни за евентуално објавување, објаснувајќи им дека ние би да промовираме авторска музика и дека ако почнеме со преработки, бргу ќе ни нагрнат оние со свои „видувања“ на Тоше, „Wind of Change“ и други тезгарошки зицери. Ама па, некои се стварно добри и во нив има повеќе авторство од некои авторски.
„Ни појако кинење ни попогрешно место за тоа“, вика Иван Апостолски за настапот на Миодраг Бабаљ Мио на шоуто „Никогаш не е доцна“. Точно један кроз један.
Кој ти вика? Апостол на музичките мешапи досега беше (и останува!) Апостолски ама еве, и други си играат на сличен начин. „Верујем, не верујем“ од Бајага и „Вуду пипл“ од Продиџи, споени пасент по нивните ритмички шевови.
Петминутно потсетување на некогаш фамознoто италијанско шоу Non è la RAI (1991-1995), шоу кое масовно ја прекрстуваше социјалистичката младина во апостолски подмладок на капитализмот и кое на овие простори произведе повеќе прозападни фаци од од сите проекти на усаиди и воиси на америка. Тие што тогаш поверуваа дека „азното само ќе си дојде“, ене ги денес, кмишат по кладилници.
Матрикс и Лукоил славеа победи во третиот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија, а третиот меч Алкалоид и Борис Трајковски заврши без победник.
Апостолот на музичките мешапи има ново младунче. Овојпат нема фолк ама резултатот пак е врвен. Ги сошил Блек Сабат и Блонди на таков начин да не може човек штепот да го најде.