Знаете дека наш човек годинава имаше реклама на Супербол?

Глобалната мрежа за заштита на животните, ПЕТА реши да се појави на американскиот Супербол, најпрестижното и најскапото место за покажување реклама. Годинава блок од 30 секунди се купувал за осум милиони долари. Го ангажираат нашиот пријател Ангел Апостолски, Македонец и скопјанец кој живее и работи во Бугарија. Не дека Ангел и вака немаше импресивно CV, ама после ова со Супербол, може да накриви ентер и да ужива во овации.

Од сајтот на ПЕТА:

Во потег што би ги натерал дури и најтврдокорните дечки да го преиспитаат изборот на гардероба, ПЕТА се здружи со режисерот Ангел Апостолски за да ја лансира својата прва серија реклами за Супер Бол, "Mindful Mobsters.“. Френки и Џои се мафијаши кои сепак имаат свои црвени линии....

LBBOnline:

Кампањата, во режија на Апостолски преку „Харапеко продукција“, е снимена во стил кој потсетува на филмовите на Квентин Тарантино, комплетирана со тензични моменти во задниот дел на испрскана со крв Шеви Импала од 70-тите години. Рекламите имаат за цел да го истакнат насилството што се нанесува врз животните во индустријата за кожа и волна, реалност што е премногу дури и за овие закоравени мафијаши.

Ангел Апостолски своевремено беше режисер на македонскиот Милионер, снимаше реклами за наши телеком оператори, пивари и други брендови, имаше еден моќен спот за Христо Стоичков (овде) и срча спот за Линдеман, групата на фронтменот на Рамштајн (овде). Плус е срцка човек.  

* Разгледајте на apostolski.tv

* За кампањата на ПЕТА и Апостолски пишуваа и Adage, највлијателниот сајт за реклами.

12 февруари 2025 - 13:23