Фанки Шпато и Џези Вега

На овој сајт учтиво ги одбиваме оние кои ни праќаат кавери на песни за евентуално објавување, објаснувајќи им дека ние би да промовираме авторска музика и дека ако почнеме со преработки, бргу ќе ни нагрнат оние со свои „видувања“ на Тоше, „Wind of Change“ и други тезгарошки зицери. Ама па, некои се стварно добри и во нив има повеќе авторство од некои авторски.

Стани Шпато да заиграш

Џоле Максимовски (оној лудак на бас) и Кали(на) се HolymoodBand, се ујдисале со Пере од Нокаут и ја пресоблекле „Ми вети ти“ од македонскиот гениј Драган Ѓаконовски Шпато. Да беше ова нормален град, на ова ќе се играше по клубови и ресторани:

Седнал Том да вечера

Сузан Вега ја објавува песната во акапела верзија во 1984 година а шест години подоцна станува глобален хит, како ремикс на британското дуо DNA. Во еден документарец вели дека песната заслужува некој џез лаунџ верзија. А што на Сузан ѝ се снило, на Апостолски му се збило. Вака добро ли, госпожа?

 

19 февруари 2021 - 10:21