Само 7 секунди од мак фудбалот се доволни за да ви го направат денот, не треба повеќе. Пелистер и Вардар требаше да играат на Тумбе кафе во рамките на Купот на Македонија, ама кога судијата го проба теренот дали има услови за игра, се случи врвот на годината во мак фудбалот.
ФК Вардар има голема поддршка и во втора лига, а хит на колото е камерманот кој го понесе атмосфера и кој има можност да види како е кога него некој го снима. Се работи за мечот против Гостивар, кој црвено црните го играа на стадионот на ФФМ и го добија со 3:1.
Приказната за скопскиот и македонски бренд е раскажана благодарение на тв Арена, јер кај нашиве телевизии се нема простор за една ваква спортска содржина, туку за хронично гњавење со политички дебати. Имаме одлично историско фудбалско четиво, богато со славни соговорници.
Со головите на Блажевски и Грозданоски, Вардар на стадионот во Маџари го совлада Охрид Лихнидос со 2:0. Натпреварот се одигра во 14 часот, идеално време за терање двојни ќејфои.
„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Второлигашката авантура, ФК Вардар ја продолжува со нов тренер по само четири минати кола. Се работи за скромен дечко и тивок убиец од една историска ноќ во Истанбул, со преку 200 настапи за црвено црните.
Што ќе го гледаш ПСЖ кога со Меси - Нејмар - Мбапе, не можеа Клуб Бриж да го победат. Дербито Победа - Вардар во Купот на Македонија, донесе спектакуларен еврогол, дело на 35 годишната искусна коска на Блажевски. Вардар помина на пенали.
Без разлика дали се на меч од Лига Европа против Зенит, на куп пресметка против Влазрими или по ново во второлигашка конкуренција, најверните навивачи на Вардар се во топ форма за својот клуб. Триумфот од 2:0 против Воска Спорт од Охрид го славеа со фудбалерите на ист начин како со ракометарите во Јане.
По долгата и неизвесна сага, ФК Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која за прв пат во историјата ќе игра во втора лига. За Комити тоа ништо не менува во однос на поддршката. Дојдоа и одржаа говор пред фудбалерите.
Сергеј Самсоненко е минато во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. Нов сопственик е компанијата „Блу скај инвестментс“ на чело со Слободан Крстевски. Тренер Горан Симов кој доаѓа од Силекс.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
„Вардар беше репрезентацијата на Македонија, локомотива на македонскиот фудбал. Ова како намерно да е. Ми е страв дека ќе го снема“, вели емотивно струмичанецот за скопски Вардар.
Легендарниот фудбалер на Вардар е разочаран од ситуацијата во клубот со кој оствари апсолутен рекорд од 845 настапи. Многу чудни работи се случија, вели Димитровски.
На две кола до крајот на сезоната, ФК Вардар има само теоретски шанси дека ќе се спаси. Но Комити, кои со месеци бијат битки, не се загрижени за опстанокот во лигата, туку упорно бараат одговори за опстанокот на клубот, кој се чини дека никој не сака да го обезбеди.
Фудбалот често пати знае да ни донесе по некоја топла приказна од земји како Англија, Холандија, а убаво е што и кај нас прорабутваат емоциите на еден ваков начин. Алек за Вардар, Вардар за Алек и тоа во денови додека клубот дише на шрги.
Скоро и да нема рекорд во европскиот и светски ракомет кој не му припаѓа на нашата спортска икона. Кирил Лазаров е апсолутен рекордер по број на голови во Лига на шампиони, а вечерва постави уште еден рекорд кој тешко дека некој ќе стигне во догледно време.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Од нигде никаде во сред квалификации за Светско, УЕФА на својата Фејсбук страна наменета за Лига Европа која ја следат 16 милиони фанови, потсети на волејот на Дејан Блажевски против Зенит кога Вардар ја играше историската прва сезона во ова натпреварување. Зенит победи 2:1, ама голот кој заслужува внимание е оној на фудбалер на Вардар.
Имаме доста јако историско парче снимено годината кога е формирана навивачката група Комити. Ќе дознаете лично од играч на Вардар како го формирале клубот и како ги добиле првите дресови од Виена, како и за првата топка кога се збуниле кога ја напумпале бидејќи била како јајце.
Во ситуација кога ФК Вардар е пред амбисот и му се заканува целосно згаснување, стечај и преселба во 4-та лига, и трае натегањето помеѓу Град Скопје и сè уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко, јавноста очекува одговори на неколку клучни прашања:
За опстанокот на ФК Вардар очигледно е дека се борат само Комити и сè друго за сега излезе дека е фарса. Самсоненко се перчеше дека го направил најмодерниот тренинг центар на Балканот, а сега не им дава да тренираат. Каков апсурд.