Истиот лик кој им се понуди и беше одбиен од Вардар и Брегалница Делчево, купил македонски третолигаш од Источна Македонија кој не сака да го открие и кој ќе се преименува во Јунак. Се работи за претседателот на бугарската фондација Македонија, Виктор Стојанов. Клубот ќе биде финансиран со помош на фондацијата, а поддршка очекува да имаат од бугарски навивачи. Ќе целат на пласман во втора лига.
Хајдук синоќа го пречека ПАОК во квалификациски меч од Конференциска лига, трето по ранг натпреварување во Европа. Некој да види што приредија навивачите, а да не знае за што играле, ќе мисли ова е финале во Лига на шампиони.
Горната фотографија е од Супер Купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одигран на 8 август 2017-та. Долната е од квалификациската во Конференциска лига меѓу Шкупи и Левски Софија, 27 јули 2023-та. Место да се одржува и да се усовршува, се случува обратното и теренот е претворен во нива на која не би играле ниту Шишево и Дељадровце.
Понудата им стигнала во сандаче од извесен Виктор Стојанов кој им ја напишал точната сума на пари за 51% од акциите на клубот. Комити одговараат дека не постои простор за дискусија со луѓе што не го признаваат македонскиот идентитет.
Не треба во никој случај да влегуваме во непотребни компарации со клубови од Премиер или Бундеслига. Доволно е само да се фрли око во регионот за да сфатиме до кај сме ние и колку сме назад.
Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.
Тренерот на Вардар, Бобан Грнчаров ги потсети фудбалерите на Вардар што значи за Скопје датумот „26 јули“ и го прекина тренингот за момент, за да им одадат почит на трагично загинатите.
За 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе потсетиме на едно кусо сведоштво на легендарниот Ивко Панговски кој коментирал меч на кој повеќе имало плачење, отколку навивање.
ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЛДП, ДОМ, Гром и Зелен Хуман Град гласаа ЗА и без ниту еден глас против, за Вардар да добие финансиска промош од Град Скопје. Градоначалничката ќе решава колкава ќе биде сумата.
Двократниот европски првак ги запали моторите за новата сезона која им стартува против бундеслигашката пречка Рајн Некар за влез во Европа. Во Јане Сандански има многу промени.
Во Скопје постои врвна анегдота дека при гостувањето на Рома за дуелот со Вардар во Куп на УЕФА 2003-та година, легендарниот тренер Фабио Капело од домаќините во Скопје побарал да го однесат во некоја антикварница. Го однеле во Стара Чаршија а таму некој го препознал и наеднаш се створиле стотици луѓе да се сликаат со големиот дон Капело. Едвај го извлекле. Исто го снајде и Фирмино кој потпиша во Саудиска Арабија.
По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.
Саудиска Арабија станува епицентар на светскиот фудбалски крем. Откако таму заминаа Кристијано Роналдо и Карим Бензема, секојдневно стигнуваат вести за нови астрономски милионски договори. Саудијците не жалат милиони за да ги примамат познатите светски ѕвезди. Меѓу нив ќе бидат и двајца наши стандардни репрезентативци.