Кога нешто се нарекува „порно", при што не се мисли на буквален секс, треба да се биде многу внимателен. Затоа што додека за смерно настроените души тоа може да биде скандалозно, за оние другите тоа може да звучи крајно привлечно. Сетете се на ова кога следниот пат со крајно критички тон ќе ја опишете политичката ситуација во земјава како „порно".
Излезе првиот број на Porn Studies, списание кое ја истражува „порнографијата и сексуалните репрезентации". Очекуваме придонес од д-р Рон Џереми, редовен професор во пензија.
Група социолози, експерти за демографија, компјутерџии и експерти за математика, решава повторно да си ја направи работата интересна и започнуваат проект во кој ќе ги следат онлајн порно навиките и кој што пребарува.
Screw е неделно порнографско списание за хетеросексуални мажи, кое во САД излегува од 1968. Неговиот основач и главен уредник почина вчера (19.12) во старечки дом во Бруклин, на 77 годишна возраст.
За време на снимањето порно актерките минуваат низ физички напор и болка што не би го поднел ни играч од НФЛ, објаснува девојката која знае што зборува - Аурора Сноу.
Ако имате дете кое некогаш за малку ќе се удавело, никако не го гледајте филмов. За останатите, ова е мелодрама, ама со многу страст за живот, дури и кога тој гризе, мава и боли.
„Срам" е драма на Британецот Стив МекКвин за еден по малку чуден, навидум сосема зен лик, и неговата опседнатост со секс. Среде целата таа атмосфера на излегување на крај со сопствените демони, има една сцена која наводно е снимена без повторувања.
За филмов прв пат слушнав кога беше забранет од Министерството за култура на Русија, заради неговата „штетна содржина". Откако го гледав не знам што е поштетно - да го гледаш, или да го живееш.
Колку повеќе гледате порно толку помалку памтите, е загрижувачкиот заклучок на истражувањето кое доаѓа од земјата која се разбира во порно - Германија. Плус, не сакајќи имаат откриено зошто имате толку дупликати во фолдерот со порно слики.
Нешто слично како што за различна поправка на заб ќе добиете различна сметка, така и порно ѕвездите за различна сцена (по содржина) добиваат различна дневница. Почетната сума е 800 долари.
На снимање пред да и покаже било што на Стоја, порно актерот Џејмс Дин (James Deen) прво го вади својот мобилен на кој во меил од лабораторијата има потврда дека тој е негативен за ХИВ, сифилис, кламидија и гонореја. Потоа, таа го покажува својот извештај.
Клајв Овен и Никол Кидман во HBO филмот за еден од најпознатите книжевни парови во историјата, во режија на Филип Кауфман („Неподносливата леснотија на постоењето", „Хенри и Џун").
Улицата меѓу актерството и порното најчесто е еднонасочна. Во обратен смер ќе се обиде да тргне Џеjмс Дин кому сериозната ABC му посвети цел прилог загрижено прашувајќи ги родителите дали се свесни дека нивните ќерки се повеќе фантазираат за 'романса' токму со него.