Конечно

Академско списание посветено на порно студии

Излезе првиот број на Porn Studies, списание кое ја истражува „порнографијата и сексуалните репрезентации". Очекуваме придонес од д-р Рон Џереми, редовен професор во пензија.

Можеби тонот со кој се зборува за ова списание е на граница на подбивање, но списанието си е сосема сериозно, и вклучува интердисциплинарни текстови кои се однесуваат на проучувањето на медиумите и порнографијата.

А дека феноменот на порното заслужи свое списание покажуваат бројките - минатата година порно сајтовите имале повеќе посетители од Нетфликс, Амазон и Твитер заедно. Па сепак, поголемиот број од населението (барем што се однесува до Америка) изјавува дека порното е „зло". Оваа контрадикција е доволен предизвик да се истражи што лежи во основата на таа порно-нелагодност, област која до сега ретко се теоретизирала.

Во минатото оваа ситуација можела полесно да се игнорира. Но технолошките промени од секој компјутер прават потенцијална порно-прикажувачка машина:

Зголемената пристапност овозможена од различни медиумски технологии го отвори пазарот за порнографија, а како последица на тоа има наплив на аматерско порно, како и голем опсег на независни и алтернативни продукции, додека порнографии од секаков вид станаа достапни на широка публика, изјавуваат Феона Атвуд и Клариса Смит, уредничките на Porn Studies, и да, двете жени. И не само тоа, посредуваните форми на секс станаа вообичаени комерцијални сексуални производи, а таквите услуги и репрезентации повидливи.

Како што забележува репортерот на Атлантик, сепак постои цена дури кога се зборува и пишува за порно и во наводно либералните интелектуални кругови. Ако се интересираш за оваа тема, можеби и самиот/самата си по малку перверзен и манијачки настроен? Затоа истражувачите бираат да работата на помалку контроверзни теми, заобиколувајќи такви кои имаат врска со реалноста на милиони луѓе. Едно списание од ваков тип, доколку се наметне како релевантно, може да го смени овој тренд.

Porn Studies, кое го издава престижниот Routledge, е достапно на овој линк. Сите текстови се достапни во целост и бесплатно. Еве некои од насловите: „Хуманистички и општествени научно-истражувачки методи на порно студиите", „Длабоки тагови: квантитативна анализа на порнографијата", „Порно педагогија: предавање порно студии во академско-корпоративниот комплекс". Звучи возбудливо, нели?

25 март 2014 - 08:53