Денеска полнат 73 години, но за жал не им е до славење бидејќи дишат на респиратор и на три недели до стартот на новата сезона имаат непозната иднина. Но колку и да е ситуацијата со 11 кратниот првак на Македонија тешка, сепак навивачите веруваат дека македонскиот бренд ќе биде спасен.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Европската куќа на фудбалот го направи есапот за Лига Европа од сезоната 2017/2018. И покрај тоа што не беше финалист, на прво место според заработка е Арсенал, а на последно Вардар. Топџиите инкасирале 12 пати повеќе пари од Црвено црните.
Семафорот брои 29:53 или само 7 секунди до крај, а резултатот 23:23 и напад за Вардар. Тргнуваат од центар и испишуваат нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тоа се тие епски и безвременски мигови од ланското финале во Келн. 4 јуни 2017-та. Со златни букви.
Ракометарите на Нант направија сензација на првиот полуфинален дуел на фајнлфорот во Келн. ПСЖ е на колена, а еден од најзаслужните за ова големо изненадување е капитенот на Македонија кој го исфрустрира светскиот голман Омејер и испиша нова историја во ЛШ.
Со 9 победи, 3 нерешени и само 2 порази во групната фаза, а потоа и елиминација на Кил во четвртфиналето, бандата на Раул Гонзалес следниот викенд ќе бие нова рововска битка за најпрестижниот пехар во клупскиот ракомет. Овој пат во полуфинале го има Монпеље, а во другото играат ПСЖ - Нант. На европскиот првак му посакуваме да остане европски првак на 27-ми мај, нешто што не му успеало на никој.
Овој навивач на Олимпик Марсеј многу тешко го поднесе или поточно не го поднесе поразот во финалето на ЛЕ од Атлетико. Телевизорот така добро го среди, што сега не проаѓа и кај „старо купујем“. Му влезе со дрво, со нога, па и со глава, а додека се караше со камерата неколку пати стана за да го докрајчи. Мора да го видите и крајот.
Во доста неефикасен натпревар (посебно во првиот дел), преполн со грешки и на двете страни, Вардарки успеаа на крај да излезат како победник во второто полуфинале на Ф4 во Будимпешта. Ќе гледаме реприза на ланското финале.
Арената „Ласло Пап“ во Будимпешта годинава е одново домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони за жени. Што па тука вакво скандалозно знаме?
Иако веќе го одбележавме како спортски број 1 за 2017-та и при тоа објавувавме видеа со делириумот кој се случуваше тој историски ден во Скопје, во сандачето ни стигна порака со видео парче кое сме го немале на сајт. Читателот тврди дека и навивачкиот агол на тој легендарен гол заслужува да се најде во топ моментите на годината. Во право е.
И покрај тоа што УЕФА ригорозно го казни нивниот клуб поради паролата за Ратко Младиќ на мечот против Вардар во Лига Европа, навивачите на Зенит не отстапуваат од поддршката за српскиот генерал осуден неодамна на доживотен затвор во Хашкиот трибунал.
Арсен Венгер сигурно му се насмевнал на ждребот во Лига Европа, бидејќи за противник го доби Остерсунд, тимот со втор најслаб буџет во ЛЕ од 7,25 милиони фунти (Вардар беше трет со 8,96 милиони фунти). Но Швеѓаните направија сензација и заедно со Атлетик Билбао се пласираа понатаму, а Херта и Зорја испаднаа од таа група. Значи не било само до парите и историјата. Погледнете од кога постојат.
Репрезентативецот на Ерменија и еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Тигран Барсегјан се реши за последниот меч на „црвено-црните“ во Европа сезонава да носи интересни копачки.
На мечот од групата на Вардар во Лига Европа синоќа падна еврогол а стрелец беше капитенот на српската репрзентација којшто му даде голчиште на Реал Сосиедад за 1-2. Бекот беше стрелец и на мечот во Скопје меѓу Вардар и Зенит а УЕФА го прогласи и за играч на неделата во Лига Европа.
Фудбалерите на Вардар не успеаа да ја израдуваат скопската публика и да ја издвојат првата победа во историјата на европските натпреварувања. Но барем не ни загубија. Вардар - Розенборг конечни 1:1.
На дваесетина минути од мечот меѓу Вардар и Розенборг се случија најголемите аплаузи и овации, но за фудбалер, туку за едно куче кое се појави на терен и за момент го прекина мечот. Гачевски не успеа да се справи со него, а ниту обезбедувањето, па песот сам си фати џаде и не стави да ја догледаме средбата на камен ладново време.
Падна првиот гол на Вардар на домашен терен во Лига Европа со кој Вардарци уште на стартот од мечот поведоа против Розенборг со 1:0. Вардарци тргнаа отворено на стартот и откако Бобан Николов му ја спушти топката со гради на Итало, Бразилецот ја прифати и го матираше Хансен.
9 годишниот херој кој урива стереотипи и кој стана сензација дури и меѓу светски познати фудбалски ѕвезди е специјален гостин на натпреварот меѓу Вардар и Розенборг во Лига Европа.
Црвено црните и нивните навивачи вечно ќе ја запаметат 2017-та година, бидејќи испишаа нова историја за мак фудбалот. Но зошто дебито во Европа да му донесе на Вардар срамен рекорд. Победете и за себе и за тие што ги оставаат грлата за вас на секој меч.
Фудбалерите на Вардар вечерва од 21:05 се простуваат со Лига Европа, натпреварувањето во кое на пролет ќе се приклучат неколку гиганти кои испаднаа од Лигата на шампионите.