Кој колку пари заработил лани од ЛЕ, го има и Вардар

Европската куќа на фудбалот го направи есапот за Лига Европа од сезоната 2017/2018. И покрај тоа што не беше финалист, на прво место според заработка е Арсенал, а на последно Вардар. Топџиите инкасирале 12 пати повеќе пари од Црвено црните.

Со историскиот настап во групната фаза од Лига Европа, Вардар успеал да стигне до заработка од 3,1 милиони пари. Пари кои не изгледаа малку со оглед на тоа што се работи за македонски клуб, но и не се многу во споредба со заработката на другите екипи.
 
Тоа се пари заработени по три основи: 2,6 милиони евра кој ги добива секој клуб за влез во фазата по групи, потоа 120.000 евра од премии, а тоа е за единствениот бод против во последното коло и 424.573 евра од маркетинг.
 
Вардар е последен според заработка поради слабиот пазар (тв права и маркетинг), како и поради слабите резултати. Настапите во група каде беа уште и Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг ги заврши со пет порази и едно реми, она против Розенборг на домашен терен.
 
Тука не се пресметани премиите од квалификаците за ЛШ, каде Вардарци играа со Малме и Копенхаген и од таму имаат заработено уште еден милион евра.
 
 
Најблизу до заработка со Вардар се Злин (3,3 милиони евра) Аполон Лимасол (3,5), Хапоел Бир Шева (3,5), Макаби Тел Авив (3,6), БАТЕ Борисов (3,6) и Скендербег (3,7), единствените екипи кои инкасирале под 4 милиони евра.
 
На прво место според заработка е Арсенал со 37 милиони евра од кои 28,9 им се од маркетинг, потоа финалистот Олимпик Марсеј со 22,9 милиони, Лацио со 17,2 и освојувачот Атлетико Мадрид со 16.
 
Со таа разлика што шпанскиот тим е една од осумте екипи кои настапите во Лига Европа ги продолжија откако беа елиминирани во групната фаза од ЛШ како третопласирани.
 
26 октомври 2018 - 14:24