Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Македонската гордост Вардар направи земјотрес во спортска Европа, откако вторпат во пар години на епски начин стигна до највредниот пехар во клупскиот ракомет. По крајот од финалето со Веспрем, капитенот Стоилов ги поведе соиграчите кај најверните навивачи и со пехарот славеа еуфорично.
Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!
Ракометарите на Вардар по втор пат се на тронот на Европа. Јуначки после чудото над Барселона, во финалето вечерва го совладаа и унгарски Веспрем 27:24 (16:11) и заслужено станаа кралеви на континентот.
Во 57-та минута Барселона водеше 26:25, Мораеш израмни, а по две минути Карачиќ без размислување ја распали и се повреди за прво водство на Вардар. Каталонците не реализираа и потоа Криштопанс зголеми на +2. Барселона имаше задоцнета реакција со гол, на кој одговори „Ил капитано“. Ова ќе останат како епски сцени.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Келн, 3 јуни 2017. Вардар во прва историска полуфинална пресметка на Ф4. Противник Барселона, исто како денеска. Натпреварот тврд и претежок. При резултат 25:25, последниот напад го имаа момците на Раул. Тоа беа 16 секунди за треперење кои ги одиграа машки и присебно, без паника, со едноставно вкрстување во кое Лука Циндриќ распали и го однесе Вардар во финале.
Третото последоватолно учество на Фајнлфорот веројатно е најслатко. Може ли Вардар да ја повтори историјата и повторно да го шокира ракометниот свет? Знаете како велат - ранетиот лав сè уште сака да талка. Тоа го вели ЕХФ во својата најава, е ние би го повториле насловот во кој силно веруваме.
Пред стартот на сезоната, Европската куќа на ракометот не го ставаше Вардар ниту во топ 10, арно ама бандата на Парондо се покажа до толку дрска што успеа да стигне до Фајнлфор. Причина сега ЕХФ на својот сајт да објаснува зошто ќе освојат ЛШ.
По 196 меча во Лигата на шампионите, четири најдобри тима во Европа ќе се борат за вредниот трофеј на 10. издание на Фајнал Фор, на 1 и 2 јуни во Келн. Меѓу нив е и скопски Вардар.
Вардар не беше сам на гостувањето во Унгарија, туку имаше стандардно одлична поддршка од Комити и останати навивачи. Една група од нив додека се враќаше дома со кола, се отвори на автопат. Тој до гитаристот е Шиц легендата.
Без разлика на исходот од Келн, за најверните навивачи на Вардар овие ракометари се шампиони и херои. ЕХФ пред стартот на сезоната не ги стави ниту во топ 10, а тие влегоа во големата четворка заедно со Барселона, Веспрем и Кјелце.
Пишуваа како главните ѕвезди си заминуваат од тимот, дека Вардар мака ќе мачи во групите, дека Вардар нема шасна да ги помине, најавуваа празна сала...
Вардаровото лудило во Унгарија го красеа и македонски навивачи кои никогаш не го оставаат тимот сам. Во соблекувалната па играчите ги изненади Страхиња Милиќ кој и покрај тоа што го избркаа од тим, дојде и ги бодреше на лице место. Сменија тренер, си заминаа играчи, останаа без пари и газда, ама срцето на Вардар никој не може да им го земе.
Еден од првите кој по објавата на сопственикот Самсоненко дека заминува од Вардар вети дека без оглед на сè до крај ќе се бори за црвено-црните бои, одигра маестрална партија на реваншот со Сегед. Еден од неговите чудесни погодоци беше можеби клучен во топењето на негативата.
Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!
Ќе изгуби многу европскиот ракомет ако се сеќаваме на овие денови само преку приказни на Јутјуб. И навистина, што повеќе го има израдувано тој народ од ракометот, играта за која се немаат пари, а која е поевтина од фудбалската и кошаркарската индустрија?
Не се гледаат и доживуваат овие сцени во секоја европска ракометна метропола. Скопје во Јане Сандански ниту посебен спектакл и жар кој имаме привилегија да го почувствуваме во живо. Синоќа беше посебно емотивен, а тоа го знаеше и ЕХФ.
Иако ова е најава (емотивна најава) за мечот со Пик Сегед која дури сега ја гледаме, сепак вреди да се погледне бидејќи буди емоции кај секој Вардарец. Како збогување со овој европски Вардар имаме дел од говорот на Сергеј на плоштад кој од возбуда вели: „Не можам да зборувам срце ми дише надвор од тело“.
Кога Вардар меле во Лига на шампиони обично на крај во сала остануваат да пејат само Комитите. Но овој пат и петнаесетина минути по завршувањето на средбата, Јане Сандански не се празнеше. Сите сакаа да бидат што подолго дел од оваа емотивна победа на хероите кои пред две години испишаа нова ракометна историја со златни букви.
Долго ќе се раскажува последниот меч на овој ѕвезден Вардар финансиран од Сергеј Самсоненко во оваа сала, а богами и последниот гол. Две секунди до крај изгледаа малку за уште еден гол и предност од +8, ама не и за летонскиот џин кој стави печат на извонредниот меч на Вардарци.
Шокантното соопштение од газдата на една недела пред мечот на сезоната, воопшто не им влијаеше на Вардарци. Момците на Парондо одиграа машки на првиот четвртфинален меч од Лига на шампиони, а тоа им донесе убедлива победа од високи 8 гола разлика.