Гледај и учи ракометна Европо!

Пишуваа како главните ѕвезди си заминуваат од тимот, дека Вардар мака ќе мачи во групите, дека Вардар нема шасна да ги помине, најавуваа празна сала...

Вакава приказна ракометна Европа не видела, ќе се памети и ќе се прераскажува низ ракометните кругови.

Сезоната сè уште не беше почнала, а медиумите Вардар веќе го распаѓаа, пишуваа како главните ѕвезди си заминуваат од тимот, дека Вардар мака ќе мачи во групите, дека Вардар нема шасна да ги помине..

Се прашува од кај ги најдовме новите играчи, најавуваа празна сала итн..

Се откажа од нас и МРТ, не потценија дел од спортските медиуми, а се радуваа конкурентите...

Но, заборавивте не можете да униште нешто што живее!

Така денеска при крајот на сезоната Вардар покажа дека има најдобри навивачи, полна сала, покажа дека има карактер, срце, тим а не руски рубљи, за кои толку пишувавте, а ние без пари скоро цела сеозна, а испишуваме историја, по трети пат патуваме за Келн!

А знаете, денеска во Македонија се одржа претседателски избори, а јас не слушнав ништо за политика, целиот ден мислите ми беа како ќе помине утакмицата, а за време на истата не знаев кој сум, кај се наоѓам, што правам, преплавен со емоци, урлав, се расправав со телевизорот, се радував.. дишев заедно момците, го доживував секој момент како и они на терен..

Фала ви од срце момци за оваa прекрасна сезона, не се предаваме, одиме до крај!

Те сакам мој Вардаре!

Виа

6 мај 2019 - 09:14