Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.
После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.
Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.
Енфилд Роуд во вторникот донесе огромна возбуда за навивачите на Ливерпул, кој успеа да стигне до посакуваната победа против незгодниот Наполи, вредна осминафинале. Сите беа во транс, па дури и оние кои не можат целосно да го доживеат моментот.
Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?
Кога е на теренот, гине за себе, за тимот и за навивачите на Рома. Затоа повеќето деца кои доаѓаат во младинската школа на „Џалоросите“ по примерот на својот идол сакале да играат на позицијата дефанзивец од средниот ред. 33-годишниот Де Роси има тетоважа на ногата која ја доловува неговата игра.
Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.
Холанѓанецот има одлични тактички замисли. Тоа го докажа веќе со младиот тим на Ајакс. На „Меаца“ има проблем со адаптацијата и суетите на големите ѕвезди, но фудбалскиот јазик е универзален, па така Де Бур на пример го извади најскапиот фудбалер на тимот во 27. минута зашто не го слушал.
Дојде време да се подвлече црта и да се види кои од фудбалерите што ги засилија италијанските клубови навистина ги оправдаа очекувањата. Фиорентина го откри Салах и заборави на Куадрадо. Новиот дрес ги освежи уште и Нианг, Муриел и Макси Лопез. Интер со трансферите погоди половично, а Милан промаши целосно.
Секој тренер посакува да има што повеќе стандарни првотимци на кои може да смета на секој меч и кои се практично костурот на екипата. Тоа се всушност фудбалери кои играат во константно добра форма и кои ретко завршуваат на клупата за резервни играчи. Еве дел од нив во италијанското првенство.
На околу два месеца од почетокот на првенствата, специјализираниот портал за статистика „whoscored" ги направи најдобрите состави со играчи од најсилните пет лиги кои до сега оствариле највисоки просечни оценки во досегашните натпревари.