Стерлинг и Кејн ја решија фудбалска класика во своја корист и ја испратија Германија дома. Англија оди во четвртфинале против Шведска или Украина, а Јоаким Лев ја завршува долгата селекторска функција од 15 години.
Вториот ривал на Македонија на Евро 2020, Украина ги промовираше дресовите со кои ќе игра на турнирот. Имаат три комплети: жолт, син и бел а главниот елемент на дресовите се контури на границите на нивната земја.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.
После мечот со Русија во четвртфиналето на кој беше еден од најголемите јунаци поради убавиот гол со глава, хрватскиот стопер Домагој Вида даде коментар за дуелот на Хрватската телевизија и беше сосема пристоен, коректен и убедлив. Подоцна се изглупирал.
Синоќа истече рокот за трансфери на фудбалери во поголем дел на Европа. Шпанскиот Рајо Ваљекано договорил позајмица со Украинцеот Роман Зузулија, но поради неговите десничарски ставови, навивачите на клубот не го сакале во екипата.
Сп 70% посед на топка и 25:2 во шутеви во рамки на гол, Светскиот првак целосно доминираше на мечот против Северна Ирска кој го доби само 1:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу Украина и Полска.
Британските таблоиди за главен виновник за нередите во Марсеј го означија 37-годишниот татко на четири деца од Москва. Василиј Степанов знае за тоа, но Европското го гледа од предградие на Москва од каде раскажа што мисли за инцидентите.
Со головите на Мустафи и Швајнштајгер, селекцијата на Германија славеше против Украина во вториот меч од групата Ц, каде денеска и Полска стигна до бодови. Украинците пружија отпор, но немаа гориво за повеќе.
Секоја селекција која се пласираше на Европското ќе добие по 8 милиони евра, а наградниот фонд за турнирот во Франција е далеку поголем од сите претходни.
Младинците на Шахтјор Доњецк во петок ќе играат на Фајнал фор на младинската Лига на шампиони против Андерлехт. Тренираат и играат далеку од градот кој со месеци е воена зона во Украина и веруваат дека можат барем за кратко да ги израдуваат сограѓаните.
Во петок се играат квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година во Франција. Од почетокот до сега слаб ефект имаат Германија, Шпанија, Холандија и Португалија.