Тој е ноќна мора за италијанската левица и партијата во подем „Пет ѕвезди“. Има еден куп кривични пријави за него, обвиненија и тужби а додека тој оди на рочишта, славниот Сорентино за него снима филм. На Берлускони му е интересно и без Милан.
Додека првиот е галамџија и сака да се пофали за тоа која девојка ја посетила неговата спална, овој вториов е закопчан до врат и на папараците им бега како на времето на стоперите. А бил позаебан играч од Бобо.
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Гласниот заговорник на независна Каталонија важи за најдобар тренер на денешницата. Неговиот Манчестер Сити игра нереална сезона и дава по 6-7 голови по натпревар. За тоа е најзаслужен токму Пеп кој има свои принципи на работа од кои не отстапува.
Младиот Пољак Зјелински кој игра за Емполи се соочи со најглупавото паузирање на натпревар во Серија а, за кое и самиот не е виновен, а на Марио Балотели изгледа дека не му стигаат ниту две фудбалски кариери за да се опамети.
Дуелот еден на еден кој се одвиваше на центарот од стадионот на англискиот второлигаш, не бил случаен. Но има и такви примери, кога е направен поради задовилство, како оној во Хрватска која потоа победи на истиот терен.
Од англискиот второлигаш Чарлтон најавуваат дека ќе спроведат истрага поради упад на двајца натрапници на нивниот стадион. За сега не објавуваат дали се работи за обивање и кражба во канцелариите на клубот или е регистриран само дуелот еден на еден на средина од теренот.
Цената на влезниците за финалето на Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид достигнуваат луди цени, па една Шпанка понуди секс во замена за карта.
Луис Фелипе Сколари ги соопшти своите последни инструкции пред да ги одреди 23 фудбалери кои ќе тргнат во поход на Светското првенство. Неговите последни инструкции беа за сексот на фудбалерите.
Никако да слушнеме исповед на некој наш поранешен спортист за некои недозволени активности кои ги правел во текот на кариерата. Овој фудбалер од Уругвај кој настапувал во Јувентус нема проблем со тоа и доста искрено во детали ги раскажува пикантериите.
Второто мото на Олимписките игри е „Тоа што се случува во селото - останува во селото". Освен што рушат рекорди на спортските терени, натпреварувачите за време на игрите рушат и секс рекорди. Најновото издание на ESPN магазинот ги откри тајните на олимпиското село.