Не ни е јасно како, но селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Луси Фелипе Сколари на своите фудбалери за време на Светското првенство нема да им дозволи да прават акробации во кревет пред натпреварите.
Запрашан на прес конференција за тоа дали ќе им дозволи секс на фудбалерите пред натпреварите, селекторот одговори:
„Ако е нормален секс, тогаш е во ред. Но има некои фудбалери кои прават акробации и тоа не е во ред."
Репрезентацијата на Бразил ќе ги започне подготовките на 7 мај, а првенството ќе го започне со натпреварот против Хрватска на 12 јуни. Освен со Хрватска, домаќинот во групата А ќе се сретне и со Мексико и Камерун.
Клик тука за да ви стане јасно зошто Роналдињо нема да биде дел од репрезентацијата.