На Олимписките игри во Сиднеј во 2000-та година, спортистите многу бргу потрошиле 70.000 кондоми, по што организаторите веднаш нарачале уште 20.000. Од следите игри норма станала бројката од 100.000 кондоми, а во Лондон спортистите на располагање ќе имаат 150.000 кондоми или по околу 15 по човек, но дури и тоа може да биде малку.
Неколку спортисти кои се натпреварувале на летни и зимски Олимписки игри за магазинот ESPN ги открија своите тајни за лудите забави во олимпиското село.
Оние што ќе освојат медали, прославуваат со секс, но сексот служи и како утеха за губитниците. Спортистите сведочат дека имале секс на балкон, на трева и во секое ќоше во олимпиското село каде можат максимално да се опуштат затоа што целиот комплекс е изолиран од медиумите и надворешниот свет. Мал проблем понекогаш претставуваат строгите тренери, но не ретко и тие се дел од целиот разврат.
Еве само дел од нив:
На Олимписките игри во 2000-та година, американскиот натпреварувач во дисциплината фрлање копје, Броу Грир секој ден имал секс со по три жени. Тој на крајот не ни настапил на натпреварувањето заради повреда на коленото.
Двајца германски репрезентативци во боб откако го освоиле првото место на ОИ 1994 и ги понудиле своите златни медали на скијачката Кери Шејнберг во замена за секс.
Неименуван скијач откри дека за време на зимските Олимписки игри во Ванкувер во 2010-та година, шест Германци, Канаѓани и Австријци имале луда оргија во базен.
Голманката на фудбалската репрезентација на САД, Хоуо Соло призна дека откако го освоија златото во 2008-та година и покрај огромното обезбедување, успела да прошверцува момче во олимпиското село, а по лудата забава, следното утро таа и нејзините колешки се појавиле пијани на ТВ.
Хомосексуалецот Грег Луганис кој има освоено четири златни медали во дисциплината нуркање, на ОИ 1976 се забавувал со двајца Руси, а едниот од нив дури бил и женет.
Според проценките на пливачот Рајан Лохте, 70-75% од натпреварувачите имаат секс во олимпиското село. Тој вели дека на минатата Олимпијада направил грешка што во тоа време имал девојка, па затоа ќе надокнади во Лондон.
Забавата кулминира последниот ден кога повеќето од спортистите веќе имаат завршено со натпреварите. Повеќето од спортистите се пијани уште самиот стадион за време на церемонијата за затворање на Олимписките игри. Лудата забава продолжува по враќањето во олимпиското село каде Австралијците во 2000-та година во дворот го запалиле мебелот од своите соби.