Луѓето што живеат со анксиозност знаат точно колку многу им влијае на секојдневието, и како им пречи при желбата да балансираат со работа, односи, па дури и сон.
Додека ние се мачиме да ги одржиме основите на железничкиот сообраќај, Јапонија е толку напред со материјалот, што веќе има време и да се разонодува во однос на своите возови.
Невестите се една таква шаренолика категорија полна со глупости, да ретко можеш да прочиташ или да видиш некоја што не се вклопува во карактеристичниот профил на bridezilla, невестата-чудовиште што оди по роднини и пријатели, ги малтретира и сите мораат еднакво да се возбудуваат за тој еден ден кога таа носи бел фустан.
Има така, некои луѓе што кога ќе решат да прават нешто што само нив ги засега, мислат дека тоа и светот треба да го дознае и дека тоа носи некаква порака. Така и овој куп жени, решиле да пуштаат влакна и мислат дека на некого му е гајле.
Порано се правеше за важен настан: се купуваше нешто скапо, се криеше етикетата, па се враќаше наредниот ден. Така бар сме виделе на филм. Денес се прави истото, ама за Инстаграм.
Аги Лал има патувачки блог и Инстаграм профил, со скоро 900.000 следачи и моментално ја влечат по под онлајн за фушерајскиот курс што го организираше за 497 долари по човек.
Движечките илустрации на Миена се од оние работи заради кои ти доаѓа да кажеш „интернет е многу убава работа.” Затоа што, како инаку би стигнале до нив и до петок навечер со нешто што изгледа како што дожд - звучи.
Во моментов, козметичкиот свет дише на масовна потрошувачка. Сила зема од Инстаграм и пазарот на мега-колекции за шминка, се рекламира со #shelfies на кои се прикажани полици и фиоки за шминка пополни од двокрилен фрижидер. Дојдовме до „повеќе е поубаво”. Но што ако луѓето што ја движат оваа сила одеднаш се откажат?
Има луѓе што (се) шминкаат колку да (се) разубават малку. Има луѓе што користат шминка за да сменат личен опис (за тие се расфрламе со шеги „nosi ja na bazen na prv dejt haaahahah”), па луѓе што експериментираат со бои, па луѓе што создаваат уметност со шминка. А имаме и вакви работи.
Истражувањево е направено на група од 14 луѓе, што значи дека не е баш исклесано во камен, ама нам ни одговара резултатот, па ќе го искористиме: наводно, еден час во када троши калории колку 30 минути пешачење.