Курсот што требаше да се вика „Како НЕ се станува травел блогер”

Аги Лал има патувачки блог и Инстаграм профил, со скоро 900.000 следачи и моментално ја влечат по под онлајн за фушерајскиот курс што го организираше за 497 долари по човек.

Курсот бил најавен со наслов „How to grow your Instagram” и наводно намерата била тие што ќе се вклучат, од шворц патници да се претворат во патувачи што заработуваат шестцифрени суми.

Звучи фино.

Ама не е.

Учесниците би добиле и информации за „водење бизнис кој не зависи од локација за да можеш да водиш живот каков што сакаш”. Би учеле за техники на социјални мрежи и вештини за фотографија, видео и бизнис.

Авторката ја објаснува високата цена (во право е малце, ама не е тоа темата):

„Сакав цената да биде малку ‘непријатна’, за да се гледа како инвестиција и да ги одбие луѓето кои не се сериозни за иднина со блогирање. Се надевам дека сумата ќе им се врати на една група на мотивирани и посветени луѓе кои имаат волја да работат и да растурат во индустријата.”

Според Базфид, заработила 188.860 долари, од курс со 380 учесници.

Сега трачот:

Луѓето се разочарани, а некои инсистираат и дека се измамени. Еден од учесниците го објавува лошото искуство и на Медиум со наслов „Ме измами селебрити инфлуенсер”. Таму пишува дека Лал не само што исчезнала на половина курс, наводно поради лошо вифи (иако секој ден објавувала слики и видеа), туку и ги предизвикала учесниците да натераат уште луѓе да се приклучат на курсот.

Малку така, како пирамидално.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by AGGIE LAL 💫 travel girl (@travel_inhershoes) on

Материјалите за курсот биле слаби, претходно снимените видео-часови траеле по 5-6 минути, плус коментирала глупости што ги нервирале луѓето. На пример дека вработени во Старбакс не го искористуваат својот потенцијал, или како да избегнеш да изгледаш како трудна. Од ова снегулки се вреѓаат, ама како познавач на социјалните мрежи што наплаќа 500 долари по човек затоа што е познавач на социјалните мрежи, нели би требало да ти е јасно дека денес интернетот е СОСТАВЕН од снегулки?

Главниот заклучок е дека курсот содржел информации што можат лесно да се најдат со едно гуглање.

После ова, Лал дава изјава на Инстаграм:

„Ми се крши срцето што вака ве разочарав, сигурно не ми беше тоа намерата! Ми беше криво затоа што курсов е мое бебе, и на тоа работам од јуни. Ни требаа месеци да креираме речиси 9 часа видео-часови. Сакам искрено да се извинам на сите што мислат дека тоа што го споделив не беше доволно.”

Еве го целото сведоштво на Медиум со пикантерии.

19 декември 2018 - 12:48