Петок вечер, со магични илустрации

Движечките илустрации на Миена се од оние работи заради кои ти доаѓа да кажеш „интернет е многу убава работа.” Затоа што, како инаку би стигнале до нив и до петок навечер со нешто што изгледа како што дожд - звучи.

„Се инспирирам од малите нешта, од свиоците и ќошињата на големата слика и од имагинација (иако се надевам и посакувам дека вакви простори некаде постојат),” вели уметникот зад овие дела.

Просто да ти е криво што не можеш вака раздвижени да ги закачиш на ѕид. И ако ти е криво, нема да бидеш единствен:

„Неколку луѓе ми имаат кажано дека сакаат да ги имаат движечките уметнички дела по дома, но за жал, не сум нашла начин како да ја остварам таа идеја. Многу работам на тоа мазно да се движат и ова е всушност најтешкиот дел од процесот.”

(овде со звук)

„Порано (а и сега понекогаш) објаснувам дека мојата уметност се базира на идејата дека треба да се одмори мозокот, да се релаксираш, да најдеш мир, итн. Сакам тие кои ми ги гледаат делата да ги почувствуваат токму овие работи.”

И вака, пред викенд, кога не мораш да мислиш на работа минимум 24 часа, илустрацииве доаѓаат како нарачани.

Омилената:

Стварно те тера да се надеваш дека некаде постои ова.

А и ова, бога ми, замислете го гратчево што човечено го набљудува од прозор, со грмушка од ружи што се мрдкаат на ветер. Затоа и има логика ова што го кажува Миена:

„Најзначајната порака што би сакала да ја пренесам е дека секој има свој пат, свои обиди, пречки, потешкотии, како и достигнувања и успеси. Се надевам дека мојата уметност ќе може некому да даде сила, се надевам дека може да некого да утеши во тешки моменти, и истовремено се надевам дека може да биде прибежиште, место за криење. А најмногу дека едноставно може а биде извор на инспирација и среќа.”

Имајте мирен петок.

14 декември 2018 - 17:32