Сите во када

Истражувањево е направено на група од 14 луѓе, што значи дека не е баш исклесано во камен, ама нам ни одговара резултатот, па ќе го искористиме: наводно, еден час во када троши калории колку 30 минути пешачење.

Значи, да се опуштиш во топла купка не правејќи ништо може да ти користи колку и половина час пешачење.

Една група истражувачи во Универзитетот Лоуборо следела 14 мажи - на два теста: еден час возење велосипед и еден час купка од 40 степени.

Целта била да се подигне температурата на телото за еден степен.

На крај, како што и се очекувало, тие со точаците согореле многу повеќе калории, но се дошло и до еден случаен заклучок: опуштањето во када согорело цели 130 калории, што е еднакво на пешачење од пола саат.

Нивото на шеќерот во крвта кај сите учесници исто така се следело 24 часа после тестовите и се открило дека е 10% пониско кај тие што лежеле во када, наспроти тие што возеле велосипед. Плус, купката покажала ист ефект како вежбање, во однос на анти-воспалителната реакција по активноста на секој учесник во истражувањето.

Поважен заклучок:

Ќе идете до продавница за креми и купки и други тракатанци.

Ќе си набавите bath bomb.

Ќе ја фрлите во топла вода во када (кој има када супер, кој нема - да си реновира, за линија се работи).

И ќе си легнете.

Кој е будала нека пешачи.

30 ноември 2018 - 10:42