Ако сме реални, не почнува да влијае дури сега. Ретко која глумица од нејзиниот калибар, ретко која жена, всушност, така инсистира на својот стил и го држи со децении таков, уникатен, специфичен и лично нејзин.
Уште од „Ени Хол”, каде што сама одлучува за својата гардероба, на светот му е познат модниот стил на Дајен Китон. И за среќа на целиот Инстаграм свет, сега ѝ текнува дека може секој ден да нè части со нејзиниот избор на гардероба, со едноставниот коментар „КОМБИНАЦИЈА НА ДЕНОТ” и пресреќни сме.
Иначе, има 73 години. Пробајте вие со таа енергија да се дотерувате и на 30.
След.