Невестата што одбива да се возбудува околу свадба

Невестите се една таква шаренолика категорија полна со глупости, да ретко можеш да прочиташ или да видиш некоја што не се вклопува во карактеристичниот профил на bridezilla, невестата-чудовиште што оди по роднини и пријатели, ги малтретира и сите мораат еднакво да се возбудуваат за тој еден ден кога таа носи бел фустан.

Оваа не е таква. Ваквите не стигаат до интернет од проста причина што не се доволно скандалозни. Или се, со самиот факт што не се вклопуваат во профилот.

„Додека другите девојчиња во градинка си ги смислуваа венчавките од соништата, јас се обидував да стигнам до големиот одмор без да се наденам на Лего коцка. Додека бев мала, цртаните на Дизни ме бомбардираа со порака дека девојките не се остварени додека не станат сопруги. А како некој што сакаше да чита и пишува вести, ме нервираше тоа.

Дваесет години подоцна, уште сум на истото: За четири месеци се мажам и уште не сум формулирала кохерентно мислење за начинот на печатење на поканите, или дали повеќе сакам кринови или ружи. Пинтерест ми е премногу. Се е толку убаво што престанува да биде убаво после некое време. Повеќе се секирам за тоа дали гостите ќе си поминат убаво; се молам дека да шетам меѓу нив и да се шегувам повеќе ќе влијае на тоа, отколку фотографот да оди по нив и да бара да позираат.”

Ви текнува на невестата што избрка гости со деца?

„Да не беше мојата идна неодамна мажена золва што се разбира во свадби, веројатно немаше ни фустан да имам, ни ресторан ни идеја како треба да изгледа букет за на маса. А свадбите имаат многу покомплицирани барања отколку само да знаеш дека на маса се однесува пристојно, а постарите треба да се почитуваат.

Со полно работно време и мачка што треба да ја нервирам секојдневно, не се исплати инвестицијата во учење цел нов јазик што ќе го заборавам после црква. Дозволив роднини и пријатели да одлучуваат за нашиот голем ден и не затоа што намерно им правам чест. Кога ќе ги гледам сликите од свадба за 30 години, нема да се фиксирам на бојата на салфетките или дали личам на дух од Снапчат под флуерсцентно светло и дали некоја лажна трепка ми се тркала по образот. Ќе гледам во мојот сопруг и во себе, како се смееме, среќни, со љубов во очите. Ќе паметам понижувачки (во најдобра смисла) говори и чувство на топлина, не затоа што подиумот се претворил во испотена шутка, туку затоа што сум била опкружена со сите што ги сакам.”

Невестата што претера

Ова не значи дека жените што се опседнати со одредени свадбени детали не мислат на големата слика. Им завидувам на тие што можат да реализираат одредени софистицирани креативни визии, па уште и да им остане енергија за оро.

Затоа кога мојата најдобра другарка ќе се мажи, или кога сестра ми ќе кажува ‘да’, нема да можам да им одговорам на паничните пораки околу бојата на сервисот за јадење. Можам само да бидам другарката што ќе биде сигурна дека пиеле доволно вода за време на приемот и што ќе разговара со нив колку е забавно да си длабоко вљубен во твојот нов сопруг.”

На слична тема, „А вие мислевте дека вашата свадба е скапа

А на една сосема спротивна тема, „Кјара Ферањи и нејзината #sponsored свадба

29 јануари 2019 - 00:25