Невеста на денот

А вие мислевте дека вашите (сестри, другарки, жени) претеруваат.

На Редит, еден потресен гостин сподели скриншот од мејл, со неверојатни барања од невестата на чија свадба требало да се појави, што така, како да илустрираат едни психички нарушувања. Насловот на постот е „ве молиме никако да не бидете поубави од невестата на нејзиниот голем ден - а да, и не ве пуштаме ако не донесете поклон од 75 долари па нагоре.”

И одма знаеш дека ќе биде забавно.

Значи, правилата се следни:

- ве молиме да се појавите 15 до 30 минути порано

- ве молиме НЕ НОСЕТЕ бело, крем или шампањ

- ве молиме без фризури што не се класичен боб или репче (!!!)

- ве молиме без комплетна шминка (!!!!!)

- не снимајте за време на свадбата

- не се чекирајте на Фејсбук пред да добиете инструкции

- користете го следниот (не се гледа) хаштаг кога објавувате слики

- ВООПШТО НЕ РАЗГОВАРАЈТЕ СО НЕВЕСТАТА

- сите ќе наздравуваат со Реми. Без исклучок (исклучок е скроз погрешно напишано: acceptance наместо exceptions)

- за крај, мора да дојдете со поклон од 75 долари или повеќе, или нема да влезете.

Значи! 

А не е само оваа невеста, вакви језиви ѕверови од невести има колку сакаш. На пример, една што се жалеше дека гостите „нејќеле да платат 2-3 илјади долари” за нејзината свадба што ја организирала надвор од местото каде што живееле сите и кукаше дека само евтини поклони добила.

Имаше и една од Нигерија, што испланирала дека свадбата ќе ѝ чини 128.000 долари, со 13 фустани (ТРИНАЕСЕТ!) со коментари на телевизија дека девојчињата од мали си ја планираат свадбата и треба да имаат сè што замислиле. Па една, што во јавноста беше позната само како „Сузан”, која со дечко ѝ ја откажала свадбата (од 60.000 долари) затоа што, „како така гостите не сакаа да платат по 1500 долари за да присуствуваат”.

Вака објави:

„Драги пријатели, со жалење ве исвестувам дека ја откажувам свадбата. Се извинувам што откажувам само четири дена пред време. За жал, со вереникот раскинавме поради одредени непоправливи проблеми (можеби затоа што сте типови на луѓе што мислат дека треба да ви платат влез за свадба?!). Решивме да ѝ ставиме крај на вашата врска и не продолжуваме понатаму.”

Па ќе продолжи,

„…точно, значи точно побарав поклон во плик. Како да ја направиме свадбата за која сме сонувале без потребни средства? (ПРЕ-ЈА-КО!). Жртвувавме толку многу и побаравме само по околу 1500 долари.”

Ете така, излезе не една, туку четири невести на денот, а малку човек да почне да копа по интернет, излегуваат уште милион, која од која поразмазени.

За денес, завршуваме со оваа бројка.

Што направи најлудата невеста што вие ја познавате?

31 октомври 2018 - 00:00