Купуваат облека за сликање на Инстаграм па ја враќаат

Порано се правеше за важен настан: се купуваше нешто скапо, се криеше етикетата, па се враќаше наредниот ден. Така бар сме виделе на филм. Денес се прави истото, ама за Инстаграм.

Според една анкета спонзорирана од компанија за кредитни картички, речиси еден од 10 купувачи во Британија, или 9% признаваат дека купиле нешто само за да го сликаат на социјални мрежи. Откако „облеката на денот” ќе стигне на интернет, ја враќаат во продавница. За ова биле прашани 2002 возрасни луѓе, а се покажало дека најчесто тие на возраст од 35-44 години се склони на оваа бизарност - плус - мажите почесто од жените. Вреди да се спомне дека анкетата не вклучува тинејџери кои се најчести корисници на Инстаграм.

Според Барклејкард, компанијата која го прави истражувањето, новата политика што ја имаат онлајн дуќаните „пробај пред да купиш”, што значи дека купувачите можат да нарачаат, да пробаат па дури потоа да платат е она што може да придонесува кон овој тренд.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ailsa (@ailsarenk) on

Но, подемот на социјалните мрежи значи дека од сите, не само од славните личности се очекува да негуваат личен бренд. Бидејќи постојано ги документираме нашите животи и ги објавуваме онлајн за јавни мислења, да се сликаш во истата облека повеќе од еднаш е речиси неизбежно. И желбата да ти успее да го избегнеш тоа го прави ова „купување, па враќање” разбирлива тактика.

Постојат и брендови осмислени специјално за Инстаграм-пазарџија, како Фешн Нова на пример. „Ова се алишта направени за социјални мрежи. Треба да се носат еднаш, можеби два пати, да се сликаат и да се фрлат,” вели Алисон П. Дејвис во нејзиното излагање на темава. Уште едно омилено од овие е Rent the Runway (Изнајми од писта) - ја прифаќа филозофијата на враќање и овозможува муштериите да изнајмат дизајнерско парче за одредена сума. Некои сепак, се движат во спротивен правец. Се појавува нешто како „работна униформа” за да се ослободат жените од тиранијата на одлуките околу гардероба и комбинации. Концептот на модна капсула, кој налага да се инвестира во мал број на високо-квалитетни парчиња наместо многу тренди парчиња за една сезона исто така се враќа. И на крај, имаме трендсетери како Кејт Мидлтон (која распродава што и да облече) и Мишел Обама кои знаат и два пати да се појават во исто. 

Значи, во ред е да ве има на две-три слики во истата маичка. Олабавете се.

21 декември 2018 - 07:12