Tекстов можеби нема ништо да им значи на оние родени после 1980. Но можеби и тие би се навлекле на еден од најсаканите мјузикли на сите времиња, доколку го изгледаат денес.
Манчестер Јунајтед синоќа го направи најинтересниот пресврт во Премиер лигата сезонава откако губеше 2-0 на гостувањето кај Кристал Палас а на крај славеше 2-3 со евроголот на Немања Матиќ во 91’ минута. Мурињо толку многу гестикулираше што во еден момент се лизна на тревникот.
Откако внуката на еден навивач на Минесота се пофалила со својот најсакан дедо кој и на 99 години ја бодри екипата, се огласил внукот на еден навивач кој чука пред вратата на стотката ама ја дочека сензационалната титула на Филаделфија Иглс.
Еден натпревар по тенис знае да трае по два, три, четири па и повеќе часови, а кога човек ќе го фати зорт не е убаво да стиска. На дуелот меѓу Италија и Јапонија на Дејвис Купот, Фабио Фоњини едноставно не издржа.
Нема љубител на англискиот фудбал а да не ги засакал или одвреме-навреме испеал „You’ll never walk alone“ и „I forever blowing bubbles“, а посебно песната на Ирците за огнениот Вил Григ, но сега има нешто ново на сцената.
Имаше таму едно Светско првенство во 2010-та кое го паметиме по тики-така играта на шампионот Шпанија, вувузелите и химната на Шаќира, ама има и доста вредни награди за најдобрите фудбалери за кои човек би помислил дека им ги даваат на мајтап.
На еден меч од турското фудбалско првенство меѓу големите ривали Трабзонспор и Фенербахче пред неколку години избивна скандал. Поточни некогашниот фудбалер на Интер и Галатасарај а денес капитен на Башакшехир Емре направи глупост.
ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.
Во НБА лигата играле многу необични ликови, но од самото основање до денес поголеми психопати од Денис Родман и Рон Артест паркетите во најдобрата лига на светот не виделе. А богами и надвор од нив.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски за брзо време стана име меѓу фановите на Лидс Јунајтед. Тие синоќа не трепкаа додека се играше мечот Македонија - Албанија и го коментираа секој можен потег на нивниот нов миленик. Еден напиша: Само да не се повреди. Затоа што во сабота имаат натпревар против Бартон во Чемпионшип.
Синиша Михајловиќ, 48 години vs Вања Милинковиќ Савиќ, 20 години се пресметаа на последниот тренинг на Торино. Стариот му одржа лекција на својот сонародник и го совлада 3:0, а овој на крај побара измена. Не за џабе Синиша беше рекордер по број на голови од слободен удар во Серија А.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му го суспендирал пасошот на кошаркарот на Оклахома Тандер којшто синоќа бил задржан на аеродром во Романија поради неважечки документи.
Некои идни толкувачи на културата сигурно ќе се обидуваат да најдат можни врски помеѓу ликовите и делата на славните музичари кои нè напуштија годинава, во потрага по „цајтгајст“-от на нашава епоха. За да им ја олесниме работата, направивме мешап од нивни стихови.
Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.
Кога на неговиот прв клуб од детството во предградието на Париз им стигнал процент од продажбата на Канте од Каен во Лестер (250.000 евра), не знаеле што да прават со парите и свикале состанок. Што ли правеле со парите од трансферот од Лестер во Челси?
По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.
На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.
Во рубрикава често сме пишувале за академски плагијати, објавување чисти глупости како висока наука и, последно но не и најмалку важно, софтвер за генерирање случајни стручни статии. Ама ова е и за нас ново - научен труд напишан со опцијата „аутокомплит“.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.