Стадионот на Фортуна Дизелдорф, „Меркур Шпил Арена“ денеска од 18 часот ќе влезе во историјата и ќе ги нагости Франција и Македонија на стартот на ракометното Европско првенство. Како успеаа да го прилагодат за ракометниот спектакл, ќе видите во оваа куса верзија.
Кога во 2019 САД го отсече Хуавеи од пристапот до каква било американска / западна технологија и пазари, очекувањата беа дека за некоја година компанијата ќе ја снема од пазарот. 2023 Хуавеи ја заврши со продажба од 98,7 милијарди долари.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.
Користејќи сателитски снимки и вештачка интелигенција, истражувачи ја мапираа човечката активност на море со поголема прецизност од кога било досега. Се обелодени огромна индустриска активност што претходно не беше детектирана, од сомнителни риболовни операции до експлозија на енергетски сектор во водите.
Далас Маверикс и по трет пат сезонава го совладаа Портланд Трејл Блејзерс, овојпат 126:97 а лидер во триумфот секако беше најдобриот кошаркар на Мавси.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.
13 годишен тинејџер од Оклахома е првиот човек кој успеа да победи во Тетрис, прочуената Нинтендо игрица, која постои цели 34 години. Интересно е што до пред неколку години се веруваше дека на Тетрис има најмногу 29 нивоа. Малиот стигна до 157 ниво по што играта се скрши.
На денешен ден на планетава речиси и да не постои случај на историска сиромаштија, беда и глад која не е директно поврзана со некоја од големите западни колонијални сили. Пример, хуманитарната катастрофа која се уште се одвива во Хаити од една и Франција, САД и банките, од друга страна.
На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.
На времето, кога беше јак, некогашниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани, великодушно се откажа од пензијата која му следуваше, препуштајќи ги парите на градот кој го водеше. Сега кога е рикавела и мораше да прогласи личен банкрот, поштено се кае што дигнал раце од таа добивк, која досега ќе му донесеше околу половина милион долари.
На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.
Словенецот Анже Ланишек го забележа најдобриот резултат во квалификациите во Инсбрук, третата станица од новогодишната традиционална турнеа „Четири скокалници“.
Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.
Новак Ѓоковиќ го збриша Јиржи Лехечка со 3:0 (6-1, 6-7, 6-1) и со тоа го израмни резултатот против Чешка на Јунајтед купот во Перт на 1:1. Погледнете го поенот на човекот за кој не постои прасечко и руска. Накај 37 години се ближи.