1800-те Хаити ги почнува со бунт против француските робовладетели, во кој ја основаат првата црнечка република на светот. Дваесетина години подоцна под воена закана од Франција новата република прифаќа да му исплаќа на Париз оштета и најразлични трошоци кои ќе бидат побарани од нив, по основа на „изгубен имот“, ставка која ги вклучува и робовите од Хаити што француските робовладетели ги изгубиле во бунтот.
Ако Хаити во тоа време не се согласи да ја плаќа оваа оштета, Франција се заканува дека повторно ќе го освои и ќе воведе ропство. Оштетата е 115 милиони франци, што е 30 пати повеќе од тогашните годишни приходи на Хаити.
Бидејќи никоја држава нема пари да плати толкав обем на оштета, Хаити почнува да позајмува пари од француските банки. Ова доведува до економска криза од која земјата, и до ден денес, повеќе од век и пол подоцна не може да се извади.
Земјата ја немаше таа среќа тука да и завршат проблемите со светските колонијални сили.
Поопширно, сосе дебата: