Кинески државни институции и државни фирми се повеќе ги притискаат своите вработени да престанат да користат / носат Ајфони и други странски уреди на работа, што според Блумберг полека го отвара патот кон целосно блокирање на Епл и Самсунг на најголемиот светски пазар на мобилни уреди.
Луѓето во Газа се практично без интернет затоа што бомбардирањата на Израел ја уништија инфраструктурата, но затоа Европа има интернет. А во Европа еден од најголемите агрегатори на вести е германскиот Апдеј чии надлежни дале упаства да се форсира про-изралескиот поглед на состојбата во Газа и да се минимизираат вестите со цивилните палестински жртви.
Двата најголеми кинески брендови на мобилни телефони одлучија да ги прекинат сите спорови што ги имаат околу меѓусебното користење на патентите, и да си дозволат еден на друг слободно да ги користат патентите што им се потребни како би се пробиле во сегментот на премиум телефони.
Да, до таму одат спонзорските договори. Ѕвездата на Тотенхем Сон Хјунг Мин летово стана амбасадор на Самсунг и ако тој слика, мора в раце да држи телефон само од корејската компанија. Да го видиме примерот.
Осомничените не ги барајте само во паметните телефони и таблетите. Ниту пак меѓу комшиите кои можеби дремат со чаша на уво наслонета на вашиот заеднички ѕид. За паранојата да биде поголема, помислете на вашиот нов телевизор, или смарт звучници, па дури и машина за перење.
Две занимливи листи за тоа кои биле првите производи на денес познати брендови и за тоа на кој производ колку време му требало за да стигне до 50 милиони корисници. Ќе започнеме со Сони и нивниот готвач за ориз а ќе завршиме со Порнхаб и нивните 19 дена.
Локален функционер од Индија наредува, затоа што му се може, една брана од неговата околија да биде испразнета за тој да може да го најде мобилниот телефон што му паднал во водата.
Џулијан Асанж скапува во самица. Драматично ослабнат, често под силни седативи, претрпе мал срцев удар, му се одбиваат медицински третмани и гледања со адвокат, забележан е како халуцинира и ја мава главата во ѕид. Крис Хеџис вели дека она што му се случува е класична егзекуција, само што се реализира во слоу моушн. Така е и планирано.
Три ренесансно образувани грации, црпнати од некое српско реално шоу (сори што не им ги знаеме имињата; нешто како Маца Дискреција, Тијана Ајфон, Благица Самсунг...) одговараат на ТВ квиз, прашања од географија, најбазични. Како што знаете и од порано, не е убаво да се црпнуваат луѓе од онаму каде што природно припаѓаат.
Феноменални камери кои овозможуваат професионални фотографии, одличен 4nm процесор, Dynamic AMOLED 2X дисплеј, многу силни, робусни батерии со брзо полнење... Ова се само дел од карактеристиките на феноменалните телефони од најновата серија Samsung Galaxy S22, но она што секогаш го забележуваме прво е дизајнот на телефонот.
Во Британија најверојатно „падна“ лидерот на Лапсус (Lapsus$) кој до апсењето успеа да изгради завиден список на хакнати компании и изнудени околу 14 милиони долари од истите овие компании, и сето тоа на 16 години.
Хакери успешно се инфилтрираат во мрежата на Самсунг и стигнуваат до огромни количини доверливи податоци на компанијата вклучително и сорс-код за Галакси хардверот.
Проблемот што не може да навјаса да произведе доволно чипови Интел ќе го решава со отворање на нова фабрика за чипови, која по дифолт требаше да биде во Кина, барем додека во плановите не натежна Белата куќа и трговската војна што продолжува да ја води со Кина.
Светот живее во постојано менување. Промените се дел од секојдневието . Техномаркет е компанија која речиси 25 години се грижи да се задржи чекорот со новите технологии нудејќи ги на пазарот производите од најдобрите светски брендови.