За време на мечот Манчестер Јунајтед - Партизан, познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ покажа дека освен за црно-белите, има симпатии и за Ливерпул, смртниот ривал на Јунајтед.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
И покрај тоа што летово на сите ѕвона најавуваа битка за скудетото со нов, освежен состав, Наполитанците веќе заостануваат сериозно зад директните конкуренти за титулата, а кризата ја продлабочи одлуката за карантин на претседатлот и бојкотот на играчите.
Уште кога го направи трансферот се отворија муабети дека не го сакаат, а тоа не е добро ни за него, ни за нив, а најмалку за клубот кој губи од Леванте, а потоа не може да ја победи Славија Прага.
Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.
Франчесто Ачерби му го откри стравот на италијанскиот напаѓач. Некои мислеа дека заспал, а тој уствари се плашел, особено на турбуленции. Инаку игра во страшна форма.
Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.
Не е ова ретро видео од култниот Бразил, туку тазе акција од нив на пријателски натпревар против Израел. 28.000 луѓе ги гледаа ветераните на овие две селекции, а ние со ќеиф издвојуваме нешто од нив, кое и да не е атрактивно мора да се види поради тежината на нивните имиња.
Навивачите на Динамо Дрезден направија вистинско шоу на мечот од германскиот Покал (Куп) против Херта на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, каде дојдоа во бројка од преку 30.000 души, што е незапаметено.
Седум месеци беа дрва на гости и не можеа да победат, па потоа им писнаа на три екипи три по ред, по една во ЛЕ, Премиер Лига и Карабао Куп. Ѕвезда на вечерта на Стемфорд Бриџ синоќа беше Маркус Рашфорд кој го елиминираше Челси со 1:2. Имаме еврогол за гледање во стилот на Жунињо и еден лапсус.
Фудбалерите на Лацио со 4-0 го потопија Торино и ја продолжија добрата серија без пораз. Во првите 25 минути „бјанкочелестите“ кружеа околу противничкиот гол, па на Ачерби како да му збогтиса и реши да распали со левицата од 35-36 метри.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол во стилот на Меси во 24' минута од мечот против Реал Сосиедад кој неговиот Леванте го доби со 1:2.
Даниел Малдини има 18 години. Роден во 2001-ва година, игра за младинците (Primavera) на Милан чии легенди се неговиот дедо Чезаре и татко му Паоло. Даниел е фудбалер од среден ред, минатото лето беше на американската турнеја со првиот тим, но од стартот на сезоната е назад со младинците.
Интер синоќа ја совлада Бреша 1:2, ама не било сè така розево за Нероаѕурите, затоа што ова што го утна Марио е потешко да се промаши. Погледнете ја шансата од аголот што го снима камерата зад гол. Хандановиќ практично му ја намести со рака, а овој на кров ја дувна. Срамотилаци.
Масимилијано Мангравити е тотален анонимус за кој има буквално едвај два реда инфо на Википедија. За дечково 2019-та ќе биде неверојатна за раскажување. Година во која по некогаш немал кај да спие, а синоќа дебитираше рамо до рамо до еден Лукаку.
Диего Марадона е тренер на Химнасија Ла Плата, тим кој синоќа му гостуваше на Њуелз во аргентинската Супер лига. Диего на времето одиграл само 5 меча за Њуелз, ама го пречекаа како Тутанкамон уште кога влезе во градот.
Во рамки на меѓунеделното коло од Серија А, Интер со головите на Лаутаро Мартинез во 23’ и Ромелу Лукаку во 63’ ја совлада Бреша на гости, а тренерот Конте се радуваше како блесав.
Барселона сезонава нема перфектен старт бидејќи има 7 победи по 10 изминати кола, ама затоа кога ќе им тргне како вчера, да му е мерак да човек да ја гледа со овие лепота од акции и голови.
Сведоци тврделе дека е вистина, а други кажуваат дека е мит. Како и да е, ова што ќе го видите на видеово, не го направил ни Марадона, ни Меси, ни Роналдо, ни никој друг.
На својот Инстаграм профил на кој го следат 38 милиони луѓе од цел свет, Златан најави нешто интересно. Веројатно ќе следува наскоро во јануарскиот преоден рок.
Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.