Роденденот на Марадона во Аргентина е голем ден, скоро уште да го прогласат за државен празник.
Диего од почетокот на септември дојде да работи во татковината - ја тренира Химнасија од Ла Плата. Иако не е баш најуспешен (веќе има 4 порази на 6 меча и тимот е на претпоследно место), на гостувањето кај Њуелс помина многу весело.
Прво го пречекаа во градот, па пред хотелот му пееа песни. Добил и торта за неговиот 59-ти роденден (денес, на 30-ти).
Њуелз Олд Бојс е клуб во кој кариерата не ја почнал само вонземјанинот Меси, туку за овој тим во финишот на својата кариера 5 меча одиграл и Марадона.
Њуелз е од Росарио, градот во кој е роден Меси и во кој во 1998 година основале Црква Марадона - религија која му се поклонува на Диего. Една од заповедите на оваа црква е секој верник своето машко дете да го крсти Диего.
Кога легендата дојде со Химнасија Ла Плата во Росарио, го пречекале пред хотелот:
Diego Maradona’s Gimnasia are currently playing Newell’s Old Boys—here’s how their fans greeted him upon arrival at his hotel. pic.twitter.com/En6JDUluGl
— MUNDIAL (@MundialMag) October 29, 2019
Не остана по страна ниту клубот Њуелз, кој на Марадона му подари специјален дрес: розова боја со бројот 10 и натпис D1OS (Dios е бог на шпански, а D10S еден од симболите на црквата Марадона). На грбот стоел и натпис La Tota - така ја викале мајка му на Диего кој не можел да ги сопре солзите од возбуда.
Las lágrimas del más grande: Newell's le obsequió una camiseta especial a Maradona, con el nombre de su madre, La Tota, y Diego rompió en llanto. ¡Emocionante! pic.twitter.com/Xa4TKJifg7
— SportsCenter (@SC_ESPN) October 29, 2019
И покрај тоа што од клупата водеше нивен голем ривал, Химнасија Ла Плата, навивачите на Њуелз го скандираа неговото име.
Пред мечот домаќинот кај клупата за гостите му ставил кралски трон па Диего седеше во кралската фотелја во капче со ликот на Уго Чавес. Изненадување на вечерта беше тотално неочекуваниот триумф на Химнасија Ла Плата од 0:4. Њуелз е шести на табелата, а Химнасија дури 23-та (претпоследни).