Тешко на Барселона со ваква хемија меѓу Меси и Гризман

Уште кога го направи трансферот се отворија муабети дека не го сакаат, а тоа не е добро ни за него, ни за нив, а најмалку за клубот кој губи од Леванте, а потоа не може да ја победи Славија Прага.

Навивачите објавуваат и шират фото и видео примери, а тие делуваат на валиден доказ дека Меси, ама и општо Барса не го есапи за жив Антоан Гризман, иако според статистиката тоа важи и обратно.

Поради отсуството на Суарез, Валверде против Славија Прага стартуваше во напад со триото Меси – Гризман – Дембеле. Овој статистички податок тера на тоа човек навистина да помисли дека врвка е работава меѓу Меси и Гризман.

Аргентинецот му додал на Французинот само 4 пати, а овој па на него само еднаш. Податок кој ептен води кон тоа дека не се во добри односи.

Навивачите по социјални мрежи се фатија за три ситуации каде Меси не го игра Гризман во напад

Ова е првата

Втората

И третата, најкоментираната, кога Меси повлече контра, можеше да го проигра, но се реши да шутира и ја погоди пречката.

Погледнете ја па оваа реакција на Гризман на мечот против Ваљадолид. Лошо.

6 ноември 2019 - 11:53